Платата на стјуардесите, распоредот на неврохирурзите - Тајните страни на професиите

Судиите и нивните одлуки

Замислете си да сте на место на судија. По цел ден треба да слушаат адвокати, но не смеат да си дозволат да им се намали концентрацијата. Сепак, нивната одлука може да влијае многу врз нечиј живот.

Дури и најмалите случаи можат да кријат многу тајни, а оваа професија неретко им ја открива мрачната страна на луѓето.

Па, судиите слушаат безброј интересни, но и вознемирувачки приказни.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-06.jpg

Козметичарките и машки муштерии

Кога станува збор за козметичарките што депилираат, малку нешта можат да ги изненадат. Покрај тоа, не им е важно од кој пол е муштеријата бидејќи 20% до 30% од нив се мажи.

Сепак, тие гледаат секакви работи и добиваат секакви барања, па понекогаш може да им биде тешко да се воздржат од смеење.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-07.jpg

Претскажувачите на иднина и вистината

Видовитите луѓе можат да имаат големо влијание врз вас, особено ако сте емотивни и чувствителни. Поради ова, кога претскажувачите на иднина сакаат да споделат некоја лоша информација, мораат да бидат внимателни.

Без разлика дали верувате во ова, обидете се да се ставите на нивна позиција. Некогаш овие луѓе „гледаат“ нечија смрт, а не можат толку лесно да го споделат тоа.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-08.jpg

Магионичарите и нивните трикови

Магионичарите се забавни, бидејќи секогаш има доза мистерија во нивната работа. Интересно е што магионичарите ја проучувале уметноста на илузијата стотици години, додека научниците се фокусирале на ова само неколку децении.

Постојат 3 основни техники за илузија – оптичка, механичка и психолошка. Триковите можат да содржат предмети што исчезнуваат или се појавуваат, а вашиот мозок најчесто се фокусира само на едно нешто.

За да го постигнат ова, магионичарите користат хумор за да ви го одвлечат вниманието, додека ја прават „магијата“.

ilustracii-shto-gi-prikazhuvaat-tajnite-na-nekolku-rabotni-mesta-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава