Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и другите патници)
Немојте да ја прередувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не го допирајте туѓиот багаж, туку побарајте помош од стјуардеса.

Патувањето со авион веќе е норма, а некогаш може да биде и поевтино отколку патување со автобус или автомобил.
Но, иако станува често, постојат некои бонтон правила што луѓето уште не ги научиле.
Некогаш луѓето прават грешки бидејќи мислат дека се учтиви, но го постигнуваат спротивниот ефект.
Кои учтиви работи всушност ги иритираат стјуардесите, па и другите патници?
Ја прередувате преградата за рачен багаж
Во ред е ако сакате да го организирате вашиот багаж, но немојте да го поместувате багажот на другите патници.
Сигурно и вие не би сакале некој да го допира вашиот багаж.
Ако немате доволно место за вашиот багаж, тогаш замолете ја стјуардесата да ви помогне.
Ги влечете стјуардесите за ракав
Ако ви треба нешто од стјуардесата, немојте да ја допирате или да ја влечете за ракав.
Доволно е само да ја кренете раката за да бидете забележани.
Работата на стјуардесите е да е грижат за патниците, па сигурно нема да бидете игнорирани.
Сами си земате храна и пијалаци од количката
Некои патници мислат дека помагаат ако сами се послужат од количката со храна и пијалаци.
Но, никако не треба да го правите ова.
Стјуардесите ги послужуваат патниците по ред и нема да ве прескокнат.
Се задржувате многу додека го ставате багажот во горната преграда
Во ред е да сакате внимателно да го наместите вашиот рачен багаж, но немојте да се влечете.
Треба да бидете подготвени да го ставите вашиот багаж веднаш штом ќе стигнете до седиштето.
Направете го ова што е можно побрзо бидејќи после вас има и други патници што треба да влезат.
