Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и другите патници)
Разговарате со стјуардесите
Секако дека ќе викнете стјуардеса ако ви треба нешто, но немојте да ja задржувате само за да си разговарате.
Од учтивост, стјуардесата нема да ве одбие, но таа не е овде за да ви прави друштво.
Стјуардесите имаат полни раце работа и не можат целото време да ви го посветат вам.
Флертувате со стјуардесите
Никогаш немојте да флертувате со стјуардесите. Тие се дојдени на работа, а не за да бараат романтични партнери.
Не заборавајте и дека флертувањето нема да го гледаат како комплимент. Наместо тоа, со ова ги ставате во мошне неповолна положба и правите да се чувствувате непријатно.
Третирајте ги стјуардесите како професионалци.
Не кажувате дека ви е страв од летање
Нормално е да бидете малку нервозни пред авионски лет, особено ако летате првпат.
Но, доколку имате сериозна фобија, тогаш добро би било да известите некоја до стјуардесите.
Тие знаат како да се справат со исплашени патници и можат да ви помогнат да се смирите.
Го собирате ѓубрето на патниците до вас
Можете многу да им помогнете на стјуардесите ако уредно го соберете вашето ѓубре и им го подадете.
Но, никако немојте да го собирате она на патниците до вас ако во тој момент не се на седиштето.
Можеби некој не завршил со јадење или во целиот куп има и нешто важно што му треба.
Па, оставете ги другите патници сами да си го собираат ѓубрето.
Ракоплескате кога авионот ќе слета
Поради некоја причина, некои луѓе имаат навика да ракоплескаат откако авионот ќе слета.
Но, со ова не само што се вознемируваат другите патници, туку се потценува и самиот пилот.
Точно е дека нивната професија не е лесна, но ако патниците ракоплескаат при секое слетување, на пилотот ќе му се чини дека очекувале да се случи нешто лошо.
Сигурно ни вие не сакате да ви ракоплескаат на работното место кога ќе ви заврши смената.
Спирова С. | Црнобело
