Онлајн предизвици од 2019-та година што никогаш не требаше да се случат


Онлајн предизвици од 2019-та година што никогаш не требаше да се случат

Денес, кога сите имаат смартфони, навистина е лесно да се снимите како правите нешто, а потоа да го објавите онлајн за да го види секој.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-01.jpg

Голем број луѓе прават навистина корисни видеа со туторијали, рецензии и факти, но ништо не станува популарно како интернет предизвиците.

Изминатава деценија имаше неколку вакви предизвици, а иста е ситуацијата и оваа година.

Додека некои интернет предизвици, како предизвикот со кофа вода од 2014-та, се со навистина добра цел, изгледа дека повеќето други се само глупави.

Проблемот е што дел од овие глупави предизвици се и опасни, па неретко луѓето завршуваат во болница. Всушност, луѓето би направиле сè за интернет внимание, па дел од нив дури и се повредуваат за тоа.

Некои предизвици се толку опасни, што YouTube стави забрана за дел од нив. Сепак, ова не ги спречува луѓето да се впуштаат во опасни предизвици, а во продолжение погледнете некои од најглупавите.

Предизвикот Tide Pod

Tide Pod е всушност средство за перење алишта, спакувано во мали пластични кеси во вид на капсула. За овој предизвик, луѓето се снимаа како јадат од детергентот и го објавуваа видеото онлајн.

Предизвикот постои од 2017-та година, но стана навистина популарен овој јануари.

Предизвикот беше популарен во САД, каде што почнаа насекаде да се објавуваат предупредувања од неговата опасност. Заради предизвикот, голем број луѓе завршија во болница.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-02.jpg

Предизвикот Bird Box

Bird Box е филм што им се допадна на многумина, но сигурно никој не предвидел дека ќе биде инспирација за навистина бизарен предизвик.

Филмот премиерно беше прикажан на Netflix, во декември минатата година. Во главната улога е Сандра Булок, а во текот на целиот филм, ликовите мораат да си ги преврзат очите за да не бидат нападнати од чудовишта.

За предизвикот Bird Box, луѓето си ги преврзуваа очите исто како ликовите во филмот, па се снимаа додека се обидуваат да извршуваат секојдневни обврски.

Ова, се разбира, е опасно, особено ако излезете надвор и на улица. Предизвикот создаде толку проблеми, што дури и од Netflix испратија молба до јавноста да не учествува.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-03.jpg

„Тетоважа“ од сонце

Денес секој знае дека изгорениците од сонце се опасни и можат да предизвикаат рак на кожата. Но, ова не ги спречи луѓето да учествуваат во предизвикот „тетоважа“ од сонце.

Правилата се едноставни – ставете некаков шаблон на вашата кожа, или нацртајте нешто со дебел слој крема за сончање, и легнете на сонце. После некое време, вашата кожа ќе изгори и ќе имате „сончева“ тетоважа.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-04.jpg

Предизвикот Момо

Ова е можеби најморничавиот предизвик, а се појави загриженост и кај нас.

За предизвикот, луѓето, но најчесто деца, испраќаат порака на телефонски број кој наводно му припаѓа на „Момо“. Потоа, од бројот добиваат пораки разни задачи, кои ескалираат многу брзо, како на пример, да извршат самоубиство.

Предизвикот беше поврзан и со фотографија од морничаво суштество, кое наводно било Момо. 

Овој предизвик загрижи многу родители, но подоцна се откри дека е само лага. Сепак, јасно е зошто родителите беа толку исплашени.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-05.jpg

Предизвикот со оган

Штом предизвикот вклучува оган, тогаш дефинитивно е опасен.

За овој предизвик, луѓето се полеваат со запалива течност, како ацетон или алкохол, а потоа некој ги пали.

Идејата е дека алкохолот ќе изгори брзо и огнот ќе згасне, но не секогаш се случува тоа. На пример, едно 12-годишно момче од Мичиген, добило изгореници од втор степен и завршило во болница.

internet-predizvici-od-2019-ta-koi-nikogash-ne-trebashe-da-se-sluchat-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога луѓето ќе си ја заборават културата дома (фото) Некои луѓе немаат никаква култура и секојдневно својата непристојност и вулгарно...
Денес бидете љубезни - 10 начини да си го подобрите расположението со ... Непланираните, случајни љубезни дела не само што ќе ви го разубават денот, туку ...
3 мрачни тајни кои секој човек ги крие Апсолутно секој човек има работи кои ги задржува само за себе и кои дури би се з...