5 фестивали на пиво низ светот, покрај Октоберфест во Минхен


5 фестивали на пиво низ светот, покрај Октоберфест во Минхен

Иако оној во Минхен е најпознат, традицијата на пиење огромни количини пиво е радосно прифатена и во другите градови низ светот. Така Октоберфест постои во Австралија, па дури и во Африка.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-01.jpg

Низ светот има уште неколку градови каде можете да уживате во пиво и колбаси на славниот фестивал, па погледнете кои се тие:

1. Хонгконг 

Најголем азиски Октоберфест носи бизарно име, затоа што се вика Marco Polo German Bierfest, а се одржува на паркингот на хотелот Марко Поло. Се одржува од 17 до 27 октомври.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-02.jpg

2. Блуменау, Бразил

Ако некој ви каже дека постои Октоберфест во Бразил, веројатно ќе се смеете и ќе помислите дека ве лаже. Но во Јужна Америка живеат многу Германци, а Блуменау е основан од германски имигранти уште во 1850 година.

Тука се чувствува германската култура која е видлива во архитектурата. На овој Октоберфест посетителите ќе ги дочекаат концерти и реки од пиво. Фестивалот трае од 9 до 27 октомври.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-03.jpg

3. Виндхук, Намибија

Веројатно знаете дека Алжир била француска колонија, а Индија англиска колонија. Па, исто така, Намибија некогаш била германска колонија. Во Намибија оваа традиција на фестивал на пивото трае веќе шеесет години.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-04.jpg

4. Токио, Јапонија

Јапонците се, како и секогаш, тотално различни од другите. За еден од најголемите градови во светот, еден Октоберфест е малку, па затоа тие слават два. Првиот се одржува во април, а вториот во август.

Се одвиваат на островот Одаиба, а нудат баварско и јапонско пиво. Атмосферата е малку нереална: додека танцуваат полка, посетителите јадат суши, пица и друга храна што нема никаква врска со Германија.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-05.jpg

5. Бризбејн, Австралија

Ова е релативно нов Октоберфест, а Австралијците се борат целиот свет да дознае за нивниот фестивал.

Тие додадоа различни натпревари на фестивалот, така што редовно се избираат: најсилниот човек, победник во јадење крофни, а постои и натпревар „облечи се како Германец“, како и избор за најубавата брада на фестивалот.

5-festivali-na-pivo-niz-svetot-pokraj-oktoberfest-vo-minhen-06.jpeg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 мали работи кои ако ги правите сега, за 10 години ќе ве направат поуспешни од останатите Времето лета. . Денес имате 20 години и додека трепнете веќе влегувате во третат...
Постои љубов на прв поглед + 5 други митови за љубовта во кои упорно веруваме Живееме во 21 век, но многумина од нас веруваат во истите љубовни митови кои бил...
11 трикови со кои полничките жени изгледаат фантастично на фотографиите Не сите жени се родени со манекенска фигура и тоа е во ред. Нереално би било да ...

Најчитани неделава