4 мрачни тајни за Антарктикот што (не) сакаме да ги дознаеме

Ладен, оддалечен и негостољубив - овој континент е голем како САД и половина од Канада, а претставува една од најголемите мистерии на Земјата. 

4 mracni tajni na Antarktikot sto nesakame da gi doznaeme 01

Првите истражувачи дошле на ледениот континент пред околу 200 години, во потрага по китови, а оттогаш Антарктикот станал вистинска ризница на сознанија - некои од нив се објавени, а некои не.

Овој најстуден континент на Земјата, со просечна температура од -55°, е место со најмалку врнежи од дожд и силен ветер (со брзина од 327 километри на час).

Ова се 4 најголеми тајни на Антарктикот што (не) сакаме да ги дознаеме:

1. Антички град и цивилизација

Слоевите мраз кријат голем број тајни, а наводно биле откриени урнатини на антички град под Антарктикот. Во 2002 година, цела екипа на калифорниската телевизија исчезнала на тој безмилосен континент.

Иако телата никогаш не биле пронајдени, зад нив останала чудна трага – снимка и приказна за антички урнатини. Мисијата била спроведена од страна на американските маринци.

Откритието се наоѓа на околу 160 километри западно од станицата Восток, а изворите од морнарицата велат дека не се работи за антички град, туку напуштена дупка за снабдување.

Неодамна, Операцијата IceBridge на НАСА на Антарктикот открила структура во пирамидала форма околу 2,3 милји под мразот. Можеби е ова доказ за постоењето на античкиот град?

4 mracni tajni na Antarktikot sto nesakame da gi doznaeme 02

2. Подземни бази

На Google Earth може да се видат два големи влеза што се протегаат под површината на Антарктикот. Руските истражувачи ги пронашле остатоците од она што сметаат дека е тајна нацистичка база, изградена во 1942 година на ледениот континент.

Се наоѓа на островот Александар Ланд, каде биле пронајдени 500 артефакти, како што се муниција, резервоари за гориво и документација. Многу теоретичари на заговори, кои со децении тврдеа дека нацистите на Антарктикот имаат тајни бази, во кои развивале супер силно оружје користејќи вонземска технологија, веруваат дека таму се криел и самиот Адолф Хитлер.

Според една од овие теории, во 1938 година нацистите испратиле голем тим научници, војници и градежници на Антарктикот. Нивната дестинација била Queen Maud Land, каде се пронајдени топли подземни реки и пештери.

Во најголемата од нив, нацистите ја изградиле својата „База 211“, позната и како „Нов Берлин“. Покрај научниците кои работеле на мистериозните супер оружја, таму живееле и членови на многу тајни друштва, од Тула до Илуминати.

Некои веруваат дека базата е сè уште активна, а тајните друштва во неа сè уште го чекаат вистински момент за воспоставување на т.н. „нов светски поредок“.

4 mracni tajni na Antarktikot sto nesakame da gi doznaeme 03

3. Пад на НЛО

Бидејќи континентот е доста изолиран, тој е идеално место за слетување на секој што сака да биде незабележан. Валентин Дегтерев тврди дека пронашол неидентификуван заземjен објект на ледениот континент преку Google Earth.

Сликата прикажана на Google Earth покажува нешто што изгледа како четири тенкови, а Дегтерев претпоставува дека се работи за вселенски брод што слетал таму и го чуваат четири тенкови.

4 mracni tajni na Antarktikot sto nesakame da gi doznaeme 04

4. Операција Highjump

Годинаta е 1947, кога околу 100 U-бродови на германската флота исчезнале, како и високи претставници на СС. Каде избегале, каде се криеле, што се случило со нив?

Истата година американскиот адмирал, Ричард Е. Бирд, водел околу 4.000 војници, носач на авион и подморница во операција наречена Highjump. По 2 месеци операцијата била откажана, наводно поради бројни смртни случаи и нехумани услови.

Теоретичарите на заговор сметаат дека тоа е само изговор и дека војниците биле добро подготвени и обучени. Затоа тврдат дека адмиралот, всушност, наишол на силен отпор од нацистички „летачки чинии“.

4 mracni tajni na Antarktikot sto nesakame da gi doznaeme 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени ...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg