Мажите од Австралија живеат најдолго - Што можеме да научиме од нив?

Според едно истражување, мажите од Австралија живеат подолго од оние во Азија, Европа и Северна Америка.

mazhite-od-avstralija-zhiveat-najdolgo-shto-mozheme-da-nauchime-od-niv-01.jpg

Па, сигурно се прашувате која е причината за ова.

Австралија е стабилна држава

Авторот на горенаведеното истражување, Колин Пејн, смета дека нештата во Австралија се одвиваат добро веќе некое време.

Во споредба со европските држави, во Австралија немало големи битки за време на двете светски војни.

Обично за време на воени конфликти, стапката на морталитет на децата е повисока. Покрај тоа, неисхранетоста во текот на детството може да се одрази на здравјето подоцна во животот и да има влијание врз животниот век.

mazhite-od-avstralija-zhiveat-najdolgo-shto-mozheme-da-nauchime-od-niv-02.jpg

Живот без стрес

Мнозинството Австралијанци живеат покрај плажа. Добрите временски услови, пак, значат помало ниво на стрес.

Покрај тоа, Австралијанците често имаат активен животен стил и редовно трчаат на плажата, возат велосипед, сурфаат и слично.

Истражувачот признава дека често среќавал среќни луѓе во нивните 70-ти, кои возеле велосипед или планинареле, што кажува многу за нивното здравје.

Здрава исхрана

Изобилството свежи морски плодови и свежи овошје и зеленчук ја направило австралиската кујна една од најздравите.

Ова ја објаснува и популарноста на рестораните во австралиски стил, кои почнаа да се појавуваат ширум целиот свет и кои нудат тост со авокадо и салати за појадок, наместо сендвичи и житарици.

mazhite-od-avstralija-zhiveat-najdolgo-shto-mozheme-da-nauchime-od-niv-03.jpg

Австралијанците се „луди“ по спорот

Австралија се смета за држава што навистина го сака спортот.

За време на Олимписките игри, државата често се наоѓа помеѓу првите 5, во речиси секоја дисциплина.

Овие победи, пак, ги мотивираат луѓето да излезат и да бидат активни. А, како што веќе напоменавме, овде е и океанот кој нуди можност за многу водни спортови.

mazhite-od-avstralija-zhiveat-najdolgo-shto-mozheme-da-nauchime-od-niv-04.jpg

Внатрешна сила

Некои Австралијанци сметаат дека вистинската причина за нивната долговечност е нивниот став кон животот и нивната внатрешна сила. Најверојатно, оваа сила потекнува од нивната поврзаност со дивиот свет.

Австралијанците сметаат дека ако сакате да живеете долго колку нив, треба да престанете да се жалите и да преземете контрола над вашиот живот. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...

Најчитани неделава