Како да се справите со пасивно агресивните луѓе?

Понекогаш може да биде многу тешко да се справите со пасивно агресивните луѓе. Пасивно агресивно однесување е последица на прикриен гнев. Овие лица се експерти за измама и знаат како да ја маскираат нетолеранцијата кон другите.

Kako da se spravite so pasivno agresivnite luge 01

Многу често го користат одложувањето како изговор за нешто што не можат да го сторат во моментов. Делуваат како да сакаат да ве задоволат, но тие точно знаат што да направат за да ве налутат.

На прв поглед, можеби ќе изгледаат невино и пријателски расположено, но тоа е само маска.

Како да се справите со пасивно агресивните луѓе?

Пасивно агресивните лица имаат потреба да манипулираат и да ги казнуваат луѓето. Секој човек може да биде расеан и зафатен од време на време, поради што ќе го промени своето однесување, но пасивно агресивните лица секогаш ќе имаат иста шема на однесување.

Пасивно агресивна личност ќе ви вети нешто и потоа ќе го направи она што таа го сака. Тие се многу вешти во криењето на гневот, не даваат јасни одговори и скоро никогаш не знаете што ги интересира.

Тие не ги исполнуваат своите ветувања, затоа мора постојано да ги потсетувате на она што го ветиле.

Зошто луѓето стануваат пасивно агресивни?

Пасивно агресивни лица се одгледувани во семејства каде не смееле да покажат лутина. Никој не ги научил како да комуницираат на здрав начин. Тие морало да најдат начин да се справат со овие чувства, кои, по некое време, им дадоа чувство на моќ и контрола.

Kako da se spravite so pasivno agresivnite luge 02

Пасивно агресивните лица го потиснуваат гневот. На прв поглед ќе делуваат пријателски, а подоцна ќе сфатите дека имаат крајно негативни емоции. Тие не се свесни за својот гнев. Напротив, убедени се дека несоодветно ги третирате.

Како да се справите со нив?

Верувајте ѝ на својата интуиција

Кога комуницирате со пасивно агресивните луѓе, ќе започнете да мислите дека можеби нешто не е во ред со вас. Многу е важно да се препознаат моделите на однесување на пасивно агресивните лица.

Ќе ви испраќаат нејасни сигнали за да го тестираат вашето трпение. Кога ќе почнете да се сомневате во себе, земете длабок здив и ослободете се од секое сомнение. Кажете си дека заслужувате почит и љубов.

Овие афирмации ќе ви помогнат да се ослободите од сомнежот.

Мора да го прифатите фактот дека овие луѓе нема да се променат сè додека не проговорите јасно. Тие не се мотивирани за промена, освен ако не се предизвикани од другите.

Kako-da-se-spravite-so-pasivno-agresivnite-luge-03.jpg

Обрнете внимание на нивното однесување

Фокусирајте се на проблемот без да ја нападнете другата страна. Ако вашиот пријател секогаш доцни кажете му го тоа на убав начин. Потоа, обрнете внимание на неговата реакција.

Ако разбере во што е проблемот и почне да го менува своето однесување, тогаш сте на добар пат.

Ако почне да прави изговори, соочете се со тоа. Бидете толку специфични што другата страна нема да има излез. Да се биде јасен и искрен е најдобриот начин да се смири пасивно агресивна личност, која потоа ќе сфати дека не може да се однесува на тој начин.

Ако продолжи да се однесувате вака, продолжете да бидете искрени и директни, дури и ако тоа значи дека ќе го повредите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg