7 сигнали дека личноста што ја сакате е депресивна, можеби и несвесно

На сите ни треба помош од време на време, но понекогаш сите проблеми ги држиме во себе. Ако вашиот партнер веќе некое време се однесувал необично, можеби сте биле загрижени.

Sedum signali deka licnosta sto ja sakate e depresivna mozebi i nesvesno 01

Можеби, исто така, сте го прашале дали е сè добро, а добивте некакво рамнодушно „да“.

Ова се седум сигнали дека личноста што ја сакате е депресивна, а можеби и не е свесна за тоа:

1. Постојано нешто ги боли, а не знаат зошто

Еден од симптомите на депресијата е физичка непријатност, особено кај мажите. Ако вашиот партнер постојано страда од главоболка, болки во стомакот, грбот или болки во зглобовите, тоа е еден од предупредувачките знаци.

2. Не им е грижа

Односно, тие се неутрални во сè: ништо не ги возбудува ниту предизвикува никаква друга реакција. Тешко наоѓаат сила да бидат заинтересирани за нешто, без разлика дали се работи за важни работи или тривијални нешта во секојдневен живот. Апатија честопати оди со депресија.

3. Повеќе не ги прават работите што ги сакаат

Ова повеќе важи за мажите, кои честопати се повеќе склони да се откажат од омилените активности. Ако вашиот партнер одеднаш губи интерес за нешто што го обожавал до вчера, без значајно објаснување, ова е предупредувачки сигнал.

Sedum signali deka licnosta sto ja sakate e depresivna mozebi i nesvesno 02

4. Се лутат

Како и децата, и возрасните можат да чувствуваат една работа, но да покажуваат друга. Причината за ова е ранливост, повреденост, тага или исплашеност. За жал, тие често ќе ја претворат таа емоција во лутина.

5. Нема повеќе нежност

Губење желба за физички контакт или интимен однос, како и дисфункција во спалната соба, можат да бидат предупредувачки знак.

6. Спијат цело време, или воопшто не спијат

Депресијата сериозно влијае на спиењето и може да предизвика цела низа нарушувања во циклусот на спиење. Ако вашиот партнер спие цела ноќ, цел ден, или не спие цела ноќ, можеби ќе треба да се консултира со експерт.

Прекумерно спиење е вообичаен знак на депресија, бидејќи депресивната личност чувствува дека страда премногу додека е будна, па бега во сон.

Sedum signali deka licnosta sto ja sakate e depresivna mozebi i nesvesno 03

7. Постојано се негативни

Депресијата го менува начинот на кој го гледаме светот и тивко ни шепоти дека ништо друго нема смисла, дека сè е лошо и дека не вреди да се трудиме да поправиме нешто.

Ако, дури и во најубавите работи, вашиот партнер успее да најде нешто негативно и да се фокусира само на тоа, тоа може да биде предупредувачки знак.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg