Сите ние патуваме со ист брод - доблести на кои смртта може да нѐ научи

Ниеден збор не може да опише какво е чувството да изгубиш некој што го сакаш.

Site-nie-patuvame-so-ist-brod-doblesti-na-koi-smrtta-mozhe-da-ne-nauchi 01 630x340.jpg

Кога некој близок ќе почине, ние всушност губиме важен дел од самите нас. Тагата може да биде огромна и често е тешко да се види нешто друго освен болка и загуба.

Колку и да звучи неверно, за време на овие болни „лекции“ кои ни ги пружа животот, постојат и добри работи коишто можеме да ги извлечеме во вид на поука.

Препознавањето и ценењето на овие добри работи може да ни помогнат во нашиот процес на справување со моменталното случување, како и понатаму во секојдневниот живот.

1. Смртта нѐ поврзува

Кога губиме некого што го сакаме, честопати се потпираме на другите, а и тие на нас.

Тоа се вистинските моменти кога сфаќаме дека семејството и пријателите се нашето најголемо богатство.

Споделуваме искуства, сеќавања, емоции и време. Ја споделуваме нашата благодарност едни со други.

Покрај тоа, смртта нè потсетува повеќе да внимаваме на нашите постапки и секојдневно да шириме безусловна љубов.

Кога ќе изгубиме некој што го сакаме, нè потсетува навистина секојдневно и неизмерно да ја покажуваме и споделуваме љубовта што ја имаме едни за други.

2. Смртта прави да го успориме темпото на живот

Современиот живот нѐ движи пребрзо. Имаме тенденција секојдневно да брзаме и обично не одвојуваме време да гледаме длабоко на животот  што го живееме.

Меѓутоа, кога некој близок ќе ни почине, смртта на некој начин нè присилува да паузираме и да размислуваме.

Наметнува да гледаме на квалитетот на  животот што го живееме. Нѐ поттикнува да ги гледаме дејствата што ги преземаме или пак не ги преземаме.

Кога паузираме, почнуваме да сфаќаме што навистина е важно за нас. Ја враќаме свеста за важните делови од животот кои честопати знаеме да ги запоставиме.

Исто така, гледаме работи за кои жалиме. Работи што посакуваме да сме ги направиле поинаку. Гледаме можности што сме ги пропуштиле.

Во исто време, сепак, ова наше гледиште ни дава нова можност. Можност да го промениме нашето однесување сега, да бидеме поинтензивни во нашите постапки, едноставно да внимаваме на нашите дејствувања и влијанија над луѓето кои ги сакаме.

Свесни сме дека не можеме да го промениме минатото, но со сигурност можеме да научиме од него.

Site-nie-patuvame-so-ist-brod-doblesti-na-koi-smrtta-mozhe-da-ne-nauchi 02 630x340.jpg

3. Смртта ни дава начин да постигнеме разбирање и јасна перспектива

Кога некој близок ќе почине, смртта ни нуди шанса за нова перспектива на нашиот живот.

Како што споменавме погоре, тоа ни помага да имаме јасна слика за нашето секојдневие и за миговите во кои не сме живееле онака како што сме посакувале.

Ни овозможува да видиме што можеме да направиме за да биде подобро од сега.

Покрај тоа, ни овозможува подобро да се разбереме себеси, а и другите.

Добиваме увид во нашите емоции, мисли и вредности.

Во овие времиња, нашите интеракции со другите имаат тенденција да бидат поотворени. Ги споделуваме нашите подлабоки емоции и мисли.

Како резултат, можеме подобро да сочувствуваме со другите. Доаѓаме до заклучок дека и другите луѓе страдаат во животот и им треба сочувство.

Понатаму, признаваме дека и другите можат да страдаат на слични начини и да не го покажуваат тоа. Ова ни помага да бидеме потрпеливи и простливи.

Исто така, воочуваме дека всушност сите се наоѓаме на ист брод којшто патува.

Во животот, сите наидуваме на смрт. Сите ние се соочуваме со загуба и страдање. Сите ние се соочуваме со тешки предизвици.

Смртта нѐ учи да бидеме емпатични, да си помагаме едни на други.

Покрај тоа, загубата нè принудува да видиме дека промената е неизбежна.

Без разлика колку сакаме да задржиме некои моменти, луѓе и нешта во животот, промената ќе дојде.

Таа ни покажува дека има многу работи во животот кои не можеме да ги контролираме, без разлика на тоа колку се трудиме.

4. Смртта нè потсетува повеќе да цениме и да бидеме благодарни 

Кога ќе изгубиме некого што го сакаме, тоа е остар потсетник за тоа колку е скапоцен животот и секој момент.

Смртта нè принудува да ја видиме животната кревкост.

Преку ова, таа ни помага да ја цениме посебноста и уникатноста на секој момент. Ни дава свесност какво богатство поседуваме имајќи семејство и пријатели.

Повторно сме свесни за фактот дека смртта може да дојде во секое време.

Кога го разбираме ова, со сигурност ќе почнеме да си го цениме времето. Ќе ги цениме моментите, за кои нема реприза.

Ќе живееме со поголема благодарност. Ќе не научи да уживаме во секоја секунда која ни ја носи моментот. Овие тешки, неизбежни работи, сепак на крајот можат да ни помогнат и да не направат подобра и емпатична личност.

Во продолжение, прочитајте неколку изјави на луѓе кои проговорија за нивното справување со загубата на блиска личност:

Памела (48) 

„Ја загубив мама кога имав 22 години. Загубив неколку луѓе во животот, вклучувајќи ја и неа, која почина на свои 47 години. Нешта што ми помогнаа да ја преминам болката беа рутинските, секојдневни работи како што се одење на работа и вршење редовни активности, работи што обично ги правите како вежбање и слушање музика.

Се сеќавам само на среќните времиња со неа. Често гледам наши заеднички фотографии и се чувствувам убаво. Кога таа почина, најмногу ме погоди тоа што одредени луѓе се обидоа да ме избегнат затоа што не знаеја што да ми кажат.

Јас би препорачала да си дадете време, да заздравите, да ги преземете работите на свое темпо и да се потрудите со секој нов ден да сте подобар човек“.

Ема (29)

„Ја загубив мајка си пред една година. Најдобриот совет што некој ми го даде по смртта на мајка ми беше „чувствувај се онака како што сакаш да се чувствуваш“. Се чини дека другите луѓе имаат тенденција, особено по непосредните последици од загубата да ви кажат како се чувствувате или како треба да се чувствувате.

За мене, фрази како „секој ден ќе се чувствуваш малку подобро“ не само што беа вознемирувачки за слушање, туку и неточни. Немаше хронологија за мојата тага, не постоеше рационален систем на „напредок“. Имаше денови каде што не можев да станам од кревет. Виновници за мојата промена се моите две деца.

Откако станав мајка, мојата желба за живот повторно се врати и оттогаш гледам многу поинаку на работите. Секој човек има за што да се бори и да живее“.

Кевин (36)

„Го изгубив татко ми кога имав седум години.Тој почина од мозочен удар. Точно знам како е да се справите со загубата на млада возраст. Ги изгубив и сите мои баби и дедовци. И тие починаа за време на некои од најстресните периоди во мојот живот. Загубата не е лесно да се помине, тоа е огромна болка.

Но, со текот на времето се учиме да живееме само сеќавајќи се низ насмевка на убавите моменти. Со мајка ми и сестра ми посетивме психијатар кога го изгубивме татко ми. Како семејство се поддржуваме едни со други и го прифативме фактот дека мора да се трудиме да продолжиме да живееме без него.

Се сеќавам дека на мојата прва средба со психијатарот игравме табла, зборував за моите чувства и за мојот гнев и тага затоа што тој беше одведен од мене.Татко ми беше мојот најдобар пријател, тој беше човекот кој ми помогна да станам силна личност како што сум денес.

Верувам дека тој би бил горд на мене и на начинот како јас ги израснувам моите деца“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg