Гледање секс сцена со родителите - Ситуации кои траат кратко, а ни изгледаат како цела вечност

Чекање резултати од тест за бременост, кога ќе почне секс сцена во филм додека сте со родителите – колку пати овие ситуации ви се чинеле како вечност, иако траат кратко?

situacii-koi-traat-kratko-a-ni-izgledaat-kako-cela-vechnost-01.jpg

Сте забележале ли колку брзо минува времето кога правите нешто што го сакате и во што уживате, а кога нешто не ви е пријатно и ве нервира, како времето да застанува?

Корисниците на Reddit ги споделиле нивните искуства кога се нашле во такви ситуации кои траат само еден момент, а ги чувствуваат како да немаат крај.

Кои се „најдолгите“ неколку-минутни ситуации од животот на овие луѓе:

„Чекањето на резултати од тест за бременост. Независно каков сакате да биде резултатот.“

„Порано бев пожарникар и додека гасевме пожар одеднаш слушнав – Моето дете е уште внатре! – Детето не беше таму. Се криеше во грмушки од страна, малку исплашен, но беше во ред. Мислам дека тој краток момент ми одзема неколку години од животот.“

„Гледањето секс сцена во филм со родителите. Сега сум возрасна личност и тоа уште ми предизвикува непријатно чувство.“

situacii-koi-traat-kratko-a-ni-izgledaat-kako-cela-vechnost-02.jpg

„Пеев песна пред 300 луѓе без да си го слушам гласот, а знаев дека звучи ужасно.“

„Моментот кога се обидуваш да стигнеш до тоалет и се бориш со дигестивен проблем и воздржување од гасови во јавност.“

situacii-koi-traat-kratko-a-ni-izgledaat-kako-cela-vechnost-03.jpg

„Кога си дете и чекаш мајка ти да заврши со разговорот со пријателките...“

„Секојпат кога некој ќе почне да раскажува приказни што сме ги слушнале 100 пати...“

„Кога се роди син ми, не плачеше. Докторот ме погледна сериозно, ми ги подаде ножиците за да ја пресечеме папочната врвца и брзо го однесе на маса на другата страна од собата. Се доближив до мојата сопруга за да ѝ кажам дека е во ред. Искрено, не знам колку време чекавме да заплаче, но тие секунди или минути ми беа најдолгите во животот. Сега тој наполни 20 години.“

gledanje-seks-scena-so-roditelite-situacii-koi-traat-kratko-a-ni-izgledaat-kako-cela-vechnost-04.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...

Најчитани неделава