Дали сте на работ на нервен слом? Препознајте ги симптомите

Несоница, тешко одлучување и избегнување на пријатели се вообичаени знаци на нервен слом.

Dali-ste-na-rabot-na-nerven-slom-Prepoznajte-gi-simptomite-01.jpg

Ова се пет симптоми кои укажуваат дека сте можеби на работ на нервен слом, што во никој случај не треба да го игнорирате.

1. Фантазирате за заминување

Фантазирање за заминување и напуштање на моменталната животна состојба се дел од вродениот одбранбен механизам. Лимфниот систем во мозокот препознава дека сегашната состојба претставува закана за вашето здравје и ви испраќа порака за бегство.

Ако бегството го гледате како единственото решение тогаш паднавте во црно-белиот начин на размислување, што е класичен знак на вознемиреност и депресија.

2. Никогаш не се опуштате

Анксиозноста има кумулативен ефект, па затоа е многу важно да одвоите малку време секој ден за да се опуштите и да се „исклучите“ од вашите грижи.

За жал, кога некој е тажен и вознемирен тешко му е да прифати дека самото седење и правилно дишење може да донесе промена.

Dali-ste-na-rabot-na-nerven-slom-Prepoznajte-gi-simptomite-02.jpg

3. Тешко донесувате одлуки

Тешко донесување одлуки, дури и нерелевантни, како што да се јаде за појадок, може да биде еден од најраните предупредувачки знаци дека нешто не е во ред со вашето ментално здравје.

4. Имате напади на паника

Кога вознемиреноста не се лекува, може да предизвика напади на паника, а по првиот ваков напад, постои загриженост дека може да се појави следниот, а таа загриженост е, всушност, поопасна за менталното здравје отколку самиот напад.

Dali-ste-na-rabot-na-nerven-slom-Prepoznajte-gi-simptomite-03.jpg

5. Избегнувате друштво

Кога некој се чувствува презаситен од работа или емоции, логично е дека ќе има инстинктивна потреба да се изолира, бидејќи мозокот се обидува да избегне понатамошни стимулации или напори.

Сепак, ова е проблем затоа што недостатокот на поддршка од животната средина ги влошува вознемиреноста и депресијата и промовира чувство на осаменост.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава