Во брак се 60 години, а лизгаат уште подолго - Парот што го воодушеви целиот свет

Олег има 83 години, а Људмила 80. Во брак се речиси 60 години, а се занимаваат со уметничко лизгање уште подолго.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-01.jpg

Олег Протопопов го поминал своето тешко детство во поранешен Ленинград, денешен Санкт Петербург. Од 1941-ва до 1944-та година, градот бил под нацистичка опсада.

Во овој суров период згаснале многу животи – некои од бомбардирање, некои од глад и од студените зими.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-02.jpg

Сепак, со натчовечки напори, таткото на Олег успеал да ги извлече својот син и својата сопруга од речиси уништениот Ленинград.

Кога Олег имал 15 години, како подарок ги добил своите први лизгалки за мраз.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-03.jpg

Помладата Људмила Белоусова, имала 16 години кога прв пат облека лизгалки, а се вљубила во спортот гледајќи го австрискиот филм „Frühling auf dem Eis“ (Пролет на мраз).

Људмила и Олег се запознале во 1954-та година и почнале заедно да тренираат. Поради сличните интереси и заедничките соништа, помеѓу нив се родила љубов.

Следната година, Људмила ги напуштила студиите во Москва и се преселила во Ленинград. Овде, Олег го служел неговиот воен рок.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-04.jpg

Секој слободен момент го минувале заедно, на мразот, а оваа посветеност не поминала незабележана. Олег и Људмила го освоија првиот олимписки златен медал, за тогашниот Советски Сојуз, во 1964-та година.

Тогаш 31-годишниот Олег, бил најстариот натпреварувач за уметничко лизгање.

На следните Олимписки игри, парот го повторил својот успех. Всушност, тие четири години по ред освојувале златни медали на Европското и Светското првенство.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-05.jpg

Сепак, животот имал други планови за нив.

Одеднаш, вљубениот пар станал проблем за комунистичкиот режим, бидејќи одбивале да се откажат од пријателството со спортскиот новинар Аркадиј Галински. Проблемот бил што новинарот бил прогласен за државен непријател.

Штом сфатиле дека таму повеќе нема живот за нив, решиле да преземат нешто. За време на турнеја во 1979-та година, парот останал во Швајцарија и побарал политички азил.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-06.jpg

Решиле да се преселат во мало швајцарско село, но повеќе не се натпреварувале. Сепак, парот организирал кампови за уметничко лизгање и ги подучувале љубителите на овој спорт.

Во нивната татковина биле прогласени за предавници, а нивните имиња биле избришани од советските дневници за освоени медали. Дури многу години подоцна, на парот му биле вратени правата и признанијата што им биле одземени.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-07.jpg

После цели 23 години во странство, Олег и Људмила за прв ја посетиле Русија – биле повикани од славниот хокеј играч Вјачеслав Фетисов.

Парот придонел многу за уметничкото лизгање, а изведувале и три варијации на таканаречената „спирала на смртта“.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-08.jpg

Експертите за овој спорт нагласуваат дека Олег и Људмила се големи лизгачи, не само поради освоените медали, туку и поради нивното влијание врз спортот.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-09.jpg

Но, нивната приказна не завршува овде и тие повторно го воодушевија светот во 2015-та година. 51 година после освојувањето на првиот златен медал, парот се појави на ревијата на мраз „Вечер со шампиони“, која се одржува на Универзитетот Харвард.

vo-brak-se-60-godini-a-lizgaat-ushte-podolgo-parot-shto-go-voodushevi-svetot-10.jpg

Можеби веќе годините не им дозволуваат да ги изведуваат опасните пируети и скокови, но Олег и Људмила сѐ уште можат да ги облечат костимите од младоста, стари половина век, и да ја остават публиката без збор.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg