Предности и маани на натпреварувачкиот дух

Без разлика дали се работи за спорт, кариера или натпревар на нашите деца, сите сакаме да победиме. Луѓето се програмирани да победат и тоа им дава големо задоволство.

Prednosti i maani na natprevaruvackiot duh 01

Но, ако нашата единствена цел е да бидеме подобри од другите, наскоро ќе останеме сами, без никој да не поддржува. Затоа внимателно.

Ова се најголемите предности и маани на натпреварувачкиот дух:

Желба да се победи како мотивација

Можеби имате партнер, пријател, колега на работа, брат или сестра што секогаш се натпреваруваат со вас. Можеби тоа не е наметнато, но доволно е јасно дека постои некаква борба меѓу вас.

Отпрвин ова може да изгледа како лош однос, но токму од таквиот однос можеме да извлечеме дополнителна енергија и желба за напредок, да се охрабруваме, да генерираме нови идеи и да бидеме мотивирани да ги постигнеме нашите цели.

Желбата да се победи е многу силен мотив и делува како порив, исто како и сексот. Сите сакаме да победиме, свесно или не.

Победата е во нашите гени

Од еволутивна перспектива, конкурентниот дух е многу пожелна особина, затоа што само најдобрите преживеале. Повеќето родители го охрабруваат конкурентниот дух кај своите деца. Ова дополнително го зголемува ривалството меѓу браќата и сестрите во борбата за место под сонцето.

Мозокот ја доживува победата како награда

Секогаш кога ќе победиме некого се активираат центрите за наградување во нашиот мозок, а во нашето тело се ослободуваат тестостерон и допамин, хормон за среќа.

Значи, победата носи добро чувство и задоволство и штом ќе ја почувствуваме „сладоста“ на победата, секогаш сме желни да продолжиме да победуваме за да се чувствуваме добро.

Prednosti i maani na natprevaruvackiot duh 03

Влијание врз личниот раст

Здравиот конкурентен дух нè доведува до нашите максимиуми и ни овозможува да постигнеме извонредност во она што го правиме и сакаме.

Спортот е одличен начин за зајакнување на вашата самодоверба, затоа што не само што имаме за цел да освоиме златен медал, туку и да ги срушиме сопствените рекорди.

Страста и мотивацијата се темелите на секој успех, затоа што знаењето и вештината без мотивација не се доволни.

Моќ над другите

Проблемот се појавува кога нашиот конкурентен дух има за цел да биде подобар од сите за да има моќ над нив. Кога нашите победи стануваат предмет на фалење и понижување на другите.

Луѓето кои на овој начин го користат својот конкурентен дух, ризикуваат да останат сами.

Ако конкуренцијата е единствената работа што ја правиме со сите луѓе што ги среќаваме, многу брзо ќе станеме изолирани од другите луѓе. Луѓето кои се премногу конкурентни можат да бидат сфатени како голема закана за другите.

Срам

Друг недостаток на натпреварувачкиот дух и конкурентното општество во кое живееме е доживување на сопствениот идентитет преку потврда од другите. Порано се доживувавме преку групата на која припаѓавме, семејството и слично, што е сè уште е присутно во некои култури.

Но во нашата индивидуалистичка култура, акцентот се става на тоа дека мора да постигнеме сè самостојно. Се споредуваме со другите, а најмногу со идеалот што ни се презентира преку медиумите, поради што се јавува чувство на срам.

Во срцето на ова чувство е верување дека другите ќе нè осудуваат како инфериорни и несоодветни, затоа што не сме ги достигнале стандардите на општеството.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава