Најинтересните работи што можете да ги видите на Google Maps (прв дел)

Огромна тркачка патека

Во Италија, 20 километри од градот Нардо, се наоѓа патека за тестирање спортски автомобили. Она што ја прави патеката интересна е нејзината форма на совршен круг.

Патеката е изградена до Fiat, а подоцна ја купи Porsche. Должината на патеката е 12,8 километри, а кривините се направени на тој начин, што возачите речиси и да не треба да го вртат воланот.

najinteresnite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-prv-del-07.jpg

Лав во Англија

На територијата на зоолошката Whipsneyd се наоѓа фигура на лав, направена во 1933-та година.

Должината на лавот е 147 метри, а животното е направено со отстранување слој од земјата и изложување на варовникот.

Во 2017 и 2018 година фигурата беше реставрирана и покриена со 800 тони нов слој варовник.

najinteresnite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-prv-del-08.jpg

Реклама за Coca-Cola

Во близина на градот Арика во Чиле се наоѓа огромен Coca-Cola знак.

Знакот е направен во 1986-та година, во чест на 100-тата годишнина на компанијата. Зборовите се испишани со 70.000 празни стаклени шишиња, а димензиите на натписот се 120×50 метри.

najinteresnite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-prv-del-09.jpg

Турското знаме во Северен Кипар

На турската територија во Северен Кипар се наоѓа огромно турско знаме. Знамето има должина од 500 метри, а ширина од 225 метри.

Лево од знамето е испишан цитат од првиот претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк:

„Среќен е оној кој може да се нарече Турчин.“

najinteresnite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-prv-del-10.jpg

Остров во езеро на остров во езеро на остров

Во северниот дел на филипинскиот архипелаг, на островот Лузон, се наоѓа езерото Таал.

Ова езеро има вулкански остров, на кој пак има уште едно езеро. А во ова езеро, има уште еден остров.

Навистина збунувачки, но глетката е неверојатна.

najinteresnite-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-prv-del-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава