Како да го разбудиме херојот во нас со само еден потег (и да доминираме)?

Ќе се повторувам ако кажам дека лошото држење на човечкото тело оддава слика на нешто повлечено, поразено, нешто мало и кревко. Веќе сите го знаат тоа, нели? Но, морам! Ќе објаснам и зошто...

edno nepishano pravilo ispravete ja glavata i zafrlete gi ramenjata nanazad 3

Личност, која исплашено се крие во својата комфорна зона. Непривлечно, зарем не?

Погледнете се и самите во огледало, кога сте со вовлечени гради и клапнати рамења и запомнете ја својата појава и енергијата што протекува од вас.

Не е добро, нели?

Кога ќе се најдете надвор само ќе се чувствувате поразено, како целиот свет да е против вас и ќе пробувате да се заштитите цело време.

Клучната работа во такви ситуации е да знаете дека треба да се исправите, на тој начин луѓето поинаку ќе гледаат на вас.

Иако можеби звучи нелогично, но точно е дека со исправен став и доминантно однесување ќе бидете забележани од страна на околината. Повеќе нема да сте како некое невидливо сениште, кое талка наоколу.

Значењето на ова е многу поголемо, отколку што може да замислиме. Да застанете исправено значи решително да ги прифатите животните ситуации, сите предизвици кои секојдневно ни се појавуваат.

Кога на тој начин реагираме на ситуации, го будиме херојот во нас, решителноста да се бориме за својата територија, а пред сè за себеси и сопствените идеали.

edno nepishano pravilo ispravete ja glavata i zafrlete gi ramenjata nanazad 4

Буквално со отворени очи треба да ја прифатиме одговорноста на животот и од целокупниот хаос и неспокојот на непознатото да создадеме еден свој истапкан терен и поредок.

Исправеното држење само го отсликува решителното прифаќање да се жртвуваме за подобро утро, гласно да си ги искажеме желбите и со крената глава да се осмелиме да го живееме животот.

На крај и постоиме за тоа, да се чувствуваме пријатно во сопствената кожа и да го извлечеме максимумот од нас.

Нема повеќе „грбавење“ и наведната глава, време е да започнеме нешто ново и поинакво.

edno nepishano pravilo ispravete ja glavata i zafrlete gi ramenjata nanazad 2

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава