„Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“ - Изреки во кои веруваме сите, но не се секогаш вистинити

Во текот на животот, помеѓу сите успеси и неуспеси, сите добри и лоши нешта, секој од нас налетал на мудри изреки кои треба да бидат од помош.

shto-kje-poseesh-toa-kje-zhneesh-mudri-izreki-vo-koi-veruvame-site-no-ne-se-sekogash-vistiniti-01.jpg

Но, понекогаш слепо им веруваме на изреките, дури и на оние кои не се секогаш вистинити.

Ова се три доста познати изреки, кои сигурно сте ги слушнале барем еднаш во животот, но на кои не би требало да им верувате:

„Она што не ве убива, ве прави посилни“

Кога на некој ќе му се случи нешто лошо во животот, обично ја слуша оваа мудра изрека.

Според изреката, би требало секогаш да бидете позитивни и да ја гледате добрата страна на ситуацијата. Односно, да сфатите дека лошата ситуација ве направила посилна личност.

Но изгледа дека ова не е секогаш вистина. Болката, повредите, ударите, судбината, траумите – ова се нешта кои можат да ве ослабат. Ова се тешки моменти кои нема да ве направат посилни. Но она што сигурно ќе ве направи посилни, е вашето делување.

Односно, кога активно работите на тоа да преболите нешто, вие станувате посилна личност, бидејќи сте научиле нешто по пат.

shto-kje-poseesh-toa-kje-zhneesh-mudri-izreki-vo-koi-veruvame-site-no-ne-se-sekogash-vistiniti-02.jpg

„Прво работа, после забава“

Многу луѓе ги жртвуваат среќата и задоволството на сметка на нивната работа. Токму тоа го „проповеда“ и оваа изрека.

Но, не треба целиот живот да го посветите на работа и не треба целиот живот да ви се врти околу кариерата. Вашата работа ќе биде овде и утре, а убавите моменти со пријателите, семејството и саканите никогаш не можете да ги вратите.

Па, понекогаш подобро е да ја одложите работата за малку забава.

shto-kje-poseesh-toa-kje-zhneesh-mudri-izreki-vo-koi-veruvame-site-no-ne-se-sekogash-vistiniti-03.jpg

„Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“

Нештата би биле многу поедностави ако ова беше вистина. Ако секој би го добивал она што го заслужил и што го заработил. Но верувањето во оваа изрека доаѓа со неколку опасности.

На пример, ако некој наиде на некаква пречка или од која било причина „заглави“ во животот, веднаш претпоставуваме дека е негова вина. Не помислуваме дека понекогаш виновни се околностите, над кои тој нема контрола.

Понекогаш, пак, се убедуваме дека тоа е работа на судбината. Сепак, важно е да знаете дека светот не е праведен и не секој го добива она што го заслужил.

Сите луѓе имаат различни можности, во зависност од тоа каде се родени, нивниот пол, нивните родители и слично.

shto-kje-poseesh-toa-kje-zhneesh-mudri-izreki-vo-koi-veruvame-site-no-ne-se-sekogash-vistiniti-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава