Мистериозни случки за кои никој нема објаснување, раскажани на Reddit

„Патував низ Италија и таму запознав две девојки од Америка. Ме прашуваа за патувањето и цело време ми повторуваа дека не им се верува што ме сретнале овде. Мислев дека се шегуваат, но почнуваа да ме прашуваат за работи што би ги знаеле само оние кои добро ме познаваат. Сè уште се прашувам кои всушност беа тие девојки.“

korisnicite-na-reddit-spodeluvaat-misteriozni-i-mornichavi-nastani-od-nivnite-zhivoti-03.jpg

„Јас и вереникот бевме излезени цел ден. Пред излегување секогаш ги затвораме прозорците и ја заклучуваме вратата. Па, и тој ден сè беше затворено кога се вративме дома. Но, штом влеговме, на масата најдовме мал старински портрет од девојче. На задната страна беше напишано името Бренди. Иако е малку чудно и морничаво, ја врамив фотографијата и ја чуваме до денес.“

„Кога имав 10 години, едно утро се разбудив на фрижидерот. Бев стуткана како мачка. Дома немаше никој, родителите беа на работа, а околу фрижидерот немаше ништо на кое би можела да се поткачам. Покрај тоа, никогаш во животот не сум месечарела, ни пред, ни после овој настан.“

„Имам три деца со многу необични имиња. Најстариот син, Рилан, имаше 9 години кога се случи ова. Стоев во собата, недалеку од креветот каде што седеа моите деца. Тогаш ми заѕвони мобилниот. Во тој период повеќе се користеа фиксните телефони. Одговорив и некој глас ми рече: ’Хеј, мамо‘. Се свртив кон децата, а тие мирно си гледаа телевизија. Никој не држеше телефон. ’Мамо, јас сум, Рилан‘, ми рече детскиот глас во телефонот. Шокирана му се обратив на син ми, а тој изгледаше збунето. ’Мамо престани да лудуваш‘, повтори гласот на телефонот. Тогаш звучеше како микрофонот да е покриен со рака, а се слушна и друг глас: ’Не, уште не е време‘. Се обидов да му се јавам на бројот, но беше недостапен.“

korisnicite-na-reddit-spodeluvaat-misteriozni-i-mornichavi-nastani-od-nivnite-zhivoti-04.jpg

„Имам 2 глувци кои ги чувам во кафез. Еднаш кога си дојдов од работа го начекав едниот како седи врз кафезот и гледа во мене. Вратите од кафезот беа затворени, а просторот меѓу решетките е многу мал, па сигурно не излегол од таму. Имате некое логично објаснување?“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава