Мистериозни случки за кои никој нема објаснување, раскажани на Reddit
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мистериозни случки за кои никој нема објаснување, раскажани на Reddit

Без разлика колку сте скептични, морате да признаете дека во животот навистина се случуваат чудни работи за кои нема никакво објаснување. Понекогаш, овие ситуации можат да ве натераат да се посомневате во сопствениот разум.

korisnicite-na-reddit-spodeluvaat-misteriozni-i-mornichavi-nastani-od-nivnite-zhivoti-01.jpg

Еден корисник на Reddit решил да ги праша останатите членови на форумот кое чудно животно искуство ги прогонува до денес.

Во продолжение, прочитајте дел од најморничавите одговори:

„Кога бев мала, бев на прошетка со дадилката. Почна да врне. Дадилката ме однесе во една уличка да не накиснам и ми рече да ја почекам таму и да ја гледам. Таа излезе на дождот и ги рашири рацете. Тогаш почна неверојатен порој. Потоа ги спушти рацете и дождот намали. Случајност? Можеби постои логично објаснување, но сè уште не сум го пронашла.“

„Мојата баба беше неподвижна и слепа. Имав навика да отидам кај неа, да седнам на креветот и да ѝ раскажувам што се случува надвор. Еднаш во текот на еден таков разговор, пред мојот нос одеднаш се појави некаков црвен пламен, се движеше низ собата и после исчезна во соседниот ѕид. Неколку денови подоцна се случи истото. Никогаш не престанав да мислам на ова, но престанав да го раскажувам бидејќи сите ме гледаат како да сум луд.“

„Имав големо куче кое сакаше да седи до мене на каучот и да гледа телевизија. Една вечер лежевме и гледавме телевизија, кога кучето одеднаш скокна, се оддалечи од мене и почна да гледа кон каучот со исплашен поглед. Знам дека кучињата имаат силен инстинкт, па веднаш проверив што има во дворот. Немаше ништо. Кучето не сакаше да му се приближи на каучот цели три дена, дури ни кога го лажевме со храна. Четвртиот ден внимателно му пријде на каучот и седеше покрај него. Што виделo? Што го исплашило? Никогаш нема да знам.“

korisnicite-na-reddit-spodeluvaat-misteriozni-i-mornichavi-nastani-od-nivnite-zhivoti-02.jpg

„Ова се случи кога имав 12 години. Си дојдов од училиште и влегов во тоалетот да се измијам раце. Мојот мачор Томас седеше покрај мене и ме гледаше на навистина чуден начин – не се помрднуваше и не трепнуваше. Ми стана непријатно, па го викнав по име, но не се ни помрдна. Во тој момент, даската за пеглање сама се помрдна и сите предмети од неа паднаа на подот. Томас сè уште седеше и гледаше. Го зедов в раце и го испрскав со вода и дури тогаш се врати во нормала.“

„Работев во библиотека. Еднаш еден читател дојде да земе нова книга и ми ја подаде членската карта. Ја погледнав и сакав да му ја вратам. Но, кога се доближив до неговата рака, картата исчезна. Не ми падна, туку едноставно, исчезна. Ја баравме насекаде но не ја најдовме. Никогаш не престанав да размислувам за тоа.“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бабини деветини или во какви глупости веруваме Кога бев мал верував во сé и сешто. Мислев дека секој старечки збор и прекор сод...
Љубовта победува сѐ - приказни кои ќе ви ги згреат срцата Љубовта е сила којашто е помоќна од секоја магија. Невидлива, толку едноставна, ...
„Денес е седми март“… На овој свет не постои маж што го сакам повеќе о... Кога сум се родила, татко ми бил очаен. Женско. Кога се родила мојата покојна се...