Како едно момче оставено на улица стана милионер?

29-годишниот Фреди Фиџерс е доказ дека понекогаш, најважно е да сте родени „под среќна ѕвезда“ за сѐ да биде во ред, без разлика како ви изгледа сегашната ситуација.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-01.jpg

Фреди е роден во 1990-та година, во Масачусетс. Мајка му го оставила на улица уште кога бил новороденче, а кога наполнил два месеци, бил посвоен од постар брачен пар.

Нејтан и Бети Фиџерс не можеле да имаат деца и со години чекале да им се одобри посвојувањето.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-02.jpg

Денес, Фреди е извршен директор и основач на компанија, чија вредност се проценува на 62 милиони долари.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-03.jpg

Детството во семејството Фиџерс бил скромно, но среќно. Кога наполнил 9 години, Фреди посакал компјутер, но неговите родители немале пари за нов.

Тогаш, татко му Нејтан решил да му купи половен Macintosh компјутер, од 1989-та година. Компјутерот бил бавен и застарен, но немало средства за подобар.

Фреди го ценел трудот на неговите родители, па решил сам да го подобри неговиот компјутер.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-04.jpg

Фреди го сакал токму тој компјутер бидејќи татко му вистински се потрудил да му го купи. По неколку недели решил да извади делови од радиото и да ги искористи за поправка на компјутерот. И, успеал во тоа.

Фреди го чува компјутерот до денес, како спомен од неговиот татко, а одвреме-навреме и го користи.

Со текот на времето, Фреди станал толку добар во поправањето компјутери, што на 12-годишна возраст веќе ги поправал државните компјутери во градот.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-05.jpg

Фреди бил и првиот во неговиот град кој имал пристап до интернет, преку компанијата за телекомуникации со која соработувал неговиот град. Тој период, Фреди почнал да се интересира за комуникациите и мрежите.

„Сакав да изградам сопствена мрежа за комуникации. Но, кога видов колку чини инфраструктурата, мислев дека никогаш нема да го направам тоа.“

Фреди ја добил сојата можност кога ја прочитал приказната за бура во Алабама што уништила лекарска ординација. Поради ова, лекарите останале без никакви записи за нивните пациенти.

На само 16 години, Фреди почнал да соработува со компанија која имала 70 клиенти и им овозможувала да ги чуваат своите податоци на мрежата. На овој начин, лекарите ги чувале сите податоци за пациентите „на облакот“, односно на мрежата.

Откако завршил средно, Фреди се откажал од школувањето и почнал да прави софтвер за компании. За еден од нив, добил инспирација од татко му кој страдал од Алцхајмер.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-06.jpg

Фреди измислил уред кој може да се стави во обувките на пациентите и да праќа сигнали. На овој начин, доколку пациентот се изгуби, неговото семејство ќе може да го лоцира на Google Maps.

„Можев да го земам телефонот и да го прашам татко ми каде е и ќе ја следам неговата локација без тој да направи ништо. Таа програма беше навистина успешна. Една компанија од Канзас ја откупи од мене за 2,2 милиони долари“, вели Фреди.

kako-edno-momche-ostaveno-na-ulica-stana-milioner-07.jpg

Со таа сума пари, Фреди можел да ја основа компанијата од соништата. Тоа го направил во 2011-та година, а неговата фирма денес нуди услуги за мобилни и фиксни телефони, како и за меѓународни повици.

Компанијата на Фреди има направено и телефон што не им дозволува на корисниците да пишуваат пораки додека возат. Исто така, имаат направено и телефон со вграден безжичен мерач на нивото на гликоза во крвта.

Очигледно е дека една од најголемите желби на Фреди е да го направи светот подобро место за живеење.

„Верувам дека луѓето кои сакаат да бидат одговорни кога ќе видат проблем, можат да најдат решение и со тоа да променат нечиј живот. Имам цел денес да ги поставам темелите за подобро утре, бидејќи парите не се ништо друго освен алатка. Со оваа алатка можеме да ги промениме животите на луѓето“, вели Фреди.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава