Има 10.000 следбеници на 9 години – како изгледа најмладата инфлуенсерка? (фото)

Нуала е 9-годишно девојче кое се смета за инфлуенсерка, соработува со брендови, а на Инстаграм 10.000 следбеници се воодушевуваат на нејзините стилски аутфити.

ima-10-000-sledbenici-na-9-godini-kako-izgleda-najmladata-influenserka-foto-01.jpg

9-годишното девојче од Ливерпул го отворило Инстаграм профилот пред помалку од една година, а сега модните брендови веќе и нудат соработка и собира голем број следбеници.

Малата Нуала се има впуштено и во манекенски води и прошета на писта на Модната недела во Лондон, а за следната година има план да дефилира на модните ревии во Њујорк.

Иако објавува фотки и во секојдневни, спортски парчиња, сепак за повеќето аутфити, не би помислиле дека ги носи 9-годишно девојче. 

Нејзината мајка, Даниел изјавила: „Сè почна минатата година како хоби – отсекогаш сакала да се слика и од тоа прерасна во пасија. Интересно е што кога не е пред камера, таа е многу срамежлива, но ако ставите фотоапарат пред неа, таа оживува, многу е фотогенична.“

Девојчето во иднина посакува и актерска кариера, а сега посетува работилници каде го усовршува талентот и посебно е горда што научила американски акцент.

Како изгледа 9-годишната Нуала – една од најмладите инфлуенсерки:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
10 фото-докази дека реалноста често може да нè разочара повеќе од очекуваното „Порачав играчка за кучето. Едно што не е иста, туку толку се плаши од неа, што ...
13 фото-докази дека Јапонија како да живее во друг свет – работи што може да ги видите само таму Спа за мајмуни, балсам за усни со вкус на сланина, луѓе кои дисциплинирано чекаа...
ТикТок тренд „Ефект на девојка“: Фото докази дека мажите се разубавуваат, кога ќе си фатат женска Од износени фармерки и избледени маици, до стилски мажи со уредна фризура... Ови...

Најчитани неделава