Можете да заработувате милиони и пак да бидете сиромашни – Животни лекции што треба да ги научите што порано

Во животот постојано учиме. Низ годините ќе доживеете и успеси и неуспеси, а од секое искуство ќе научите и некоја лекција.

zhivotot-ne-e-fer-7-zhivotni-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-shto-porano-01.jpg

Но, постојат некои лекции кои би требало да ги научите што порано во животот. Дел од нив звучат сурово, но ќе сфатите дека тие се всушност најважните.

Морате да прифатите некои вистини и морате да разберете некои работи и дури тогаш ќе ја откриете причината за вашите неуспеси и ќе можете да се придвижите напред.

Погледнете ги лекциите што треба да ги научите што е можно порано:

Животот не е фер

Луѓето ќе ве предадат. Бизнис планот ќе биде неуспешен. Невините луѓе ќе бидат повредени, а виновните ќе бидат слободни. На добрите ќе им се случуваат лоши работи, а лошите ќе го добиваат она што го сакаат.

Животот не е фер, но вие не можете да направите ништо во врска со ова. Па, прифатете го.

Никогаш нема да го промените светот ако целото време го трошите на жалење. Ако видете неправда, преземете нешто, но престанете да се жалите за тоа.

Можете или да го прифатите ова, или целиот живот да го поминете скршени од оваа помисла.

zhivotot-ne-e-fer-7-zhivotni-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-shto-porano-02.jpg

Не е важно колку заработувате, туку колку штедите

Можете да заработувате и милиони, а сепак да бидете сиромашни. Не е важно колку заработувате, туку колку успевате да заштедите.

Секогаш обидете се да тргнете настрана 10% од вашата плата. Не за секој случај, туку за можности.

Колку повеќе пари имате заштедено, толку полесно ќе делувате кога ќе ви се укаже некоја можност.

Одберете се себеси

Никој нема да ви даде слобода да ги следите вашите соништа. Морате сами да го направите овој избор.

Мора да верувате во себе и да бидете доволно храбри да тргнете по она што го сакате.

Престанете да чекате дозвола за вашите соништа и зграпчете ги уште денес.

zhivotot-ne-e-fer-7-zhivotni-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-shto-porano-03.jpg

Игнорирајте 99% од советите што ги слушате

Повеќето луѓе ќе ви дадат некој совет само колку да кажат нешто. Најверојатно тие никогаш не го примениле советот и не постигнале ништо со него. Па, очигледно е дека овие совети се бескорисни.

Кога станува збор за совети, секогаш следете едно правило – Доколку не би го смениле вашиот живот со личноста која ве советува, не прифаќајте го советот.

Вашиот карактер ги одредува вашите резултати

Доколку не ги добиете посакуваните резултати, вината е ваша.

Ако сте под стрес, гневни и без пари, најверојатно не сте се развиле во личност која се стреми кон спротивното.

Сите резултати што ги добивате завршуваат со вашиот карактер. Па, поработете на себе и резултатите нема да изостанат.

zhivotot-ne-e-fer-7-zhivotni-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-shto-porano-04.jpg

Кажувајте ја вистината или живејте во лага

Ако не сте искрени за вашите чувства, вашите потреби и вашите желби, тогаш се лажете и себеси, и другите.

Бидете искрени кон себе, бидете искрени кон другите и секогаш споделувајте ја вашата вистина.

Нема да ја најдете вашата цел во ниту една врска

Вие сте своја личност и никогаш нема да ја најдете вашата цела во врската со некој друг. Кога се обидувате да го направите тоа, станувате очајни и зависни од партнерот.

Добрата врска значи споделување на вредности помеѓу партнерите. И вие и партнерот сте личности со свои цели и соништа, а сте овде за да се поддржувате еден со друг.

Вашите цели се надвор од вашата врска.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава