10 важни научни изуми зад кои стојат жени

Марион Донован – Пелени за една употреба

Марион работела како уредник во Harper’s Bazaar и Vogue, а била и изумител.

Откако се родила ќерка ѝ, таа сфатила колку биле проблематични памучните пелени за повеќе употреби и ѝ пречело што ѝ ја уништувале другата облека.

Па, користејќи само завеса за тоалет и машина за шиење, таа направила водоотпорен слој за првите пелени за една употреба.

Откако била одбиена од неколку продавници, Марион решила самата да почне да ги продава нејзините пелени во Њујорк. Во 1951-ва, идејата за нејзиниот изум била купена за 1 милион долари.

10-vazhni-nauchni-izumi-zad-koi-stojat-zheni-07.jpg

Темпл Грандин – Кутија за прегратки

Темпл била една помеѓу првите лица со аутизам кои јавно прозбореле за нивното искуство со нарушувањето. Интересно е што таа не била формално дијагностицира сè додека не наполнила 64 години.

Иако аутизмот ѝ претставувал и пречка, токму ова нарушување ја натерало Темпл да ја измисли „машината за прегратки“ - направа што ги смирува луѓето со аутизам.

Денес нејзиниот изум се користи во болници ширум целиот свет.

Нејзиниот придонес во разбирањето на невропсихологијата и аутизмот им помогна на многу луѓе подобро да го разберат ова нарушување.

10-vazhni-nauchni-izumi-zad-koi-stojat-zheni-08.jpg

Сели Фокс – Органски бои

Во доцните 1980-ти, Сели направила вистинска еколошка револуција во текстилната индустрија.

Откако дознала за штетата што ја предизвикуваат пестицидите, тогаш 12-годишната Сели решила да најде начин да ја намали нивната употреба.

Додека се обидувала да развие пченка што е поотпорна на штетници, таа налетала на вреќа семе за кафеав памук. По некое време, поради вкрстеното оплодување на семињата, почнале да растат и растенија со зелен памук.

Сели веднаш почнала да одгледува неколку корени кафеав и зелен памук, ги селектирала најздравите растенија и ги пресадувала секоја година.

Со текот на времето, таа почнала да расте 100% органски памук кој немало потреба да се бои со хемикалии.

Благодарение на нејзиниот труд, денес можеме да направиме памучна облека во речиси секоја боја, и тоа целосно природно.

10-vazhni-nauchni-izumi-zad-koi-stojat-zheni-09.jpg

Мери Фелпс Џејкоб – Модерен градник

Можеби во 1960-тите горењето на градниците беше симбол за феминизмот, но половина век порано, градникот беше измислен токму од феминистка.

Мери била активист за женските права, уредник и писател и стои зад модерниот градник.

Кога имала 19 години, Мери забележала дека јаката на фустанот што сакала да го носи откривал голем дел од нејзиниот корсет. Па, користејќи две шамивчиња, игла и малку конец, таа направила нешто што наликува на модерниот градник.

Кога сфатила дека ова е одличен изум, во 1914-та година таа го патентирала.

10-vazhni-nauchni-izumi-zad-koi-stojat-zheni-10.jpg

Хеди Ламар – Безжична комуникација

Иако Хеди е најмногу позната по нејзините филмски улоги во 1940-тите, важно е да се знае дека таа била и изумител.

Хеди често го придружувала нејзиниот сопруг на бизнис состаноци со научници и други професионалци за воена технологија. Токму овие состаноци ја запознале со применетата наука и го разбудиле нејзиниот интерес.

За време на Втората светска војна, Хеди научила дека кај торпедата контролирани со радио лесно можат да се појават пречки и да се преземе контролата над нив, па смислила „систем за тајна комуникација“.

На почетокот нејзината технологија имала само воени примени, а без неа денес не би постоеле WiFi, Bluetooth и GPS.

10-vazhni-nauchni-izumi-zad-koi-stojat-zheni-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава