8 видови на луѓе на кои ќе налетате на новогодишна прослава

Новогодишната вечер еве каде е. Веќе никој не се притресува како порано, но на ден-два пред завршување на календарот решаваме да се организираме нешто.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 9

Се тешиме демек не сме престари, па целиот ентузијазам да замине во ендек. И така, набрзина се прават најинтересни договори.

Се собираме со друштво, оној со свој стан го отстапува местото, нарачуваме скара, купуваме пиење, секој носи од дома што има, а сарми и руска заземаат посебно место. Некако се адаптираме со музиката и одеднаш секој си влага во посебен филм...

Во кое и друштво да погледнеме, сигурно ќе препознаеме некоја категорија на луѓе, кои се наведени во продолжение:

Најмногубројни се оние кои делат извештаи по социјални медиуми. Не пропуштаат ништо да споделат на Инстаграм стори, знаат сите каде се наоѓаат во моментот, со кого се, што прават и се трудат своето дремење на мобилен да го претстават како the best party ever.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 5

Втората категорија на луѓе се тесно поврзани со првата и слободно може да ги наречеме селфи крал/кралица. 

Не споделуваат ништо што се случува наоколу, важни се само тие и никој друг. Па, затоа нивните профили се како агрегат на различни изрази на лице и осветлување.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 4

На домашни прослави, често ќе налетате и на дремачот

Најчесто тоа е лик, кој ради реда дошол на забавата, секогаш е со извалкана чинија пред себе, сместен на најудобната фотелја и уште пред да се поклопат стрелките на часовникот, неговите очни капаци се виснати.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 2

Тука ќе се смести и заљубениот пар, најчесто се седнати во некој агол со придушено светло.

Си шепотат на увце, се држат со раце, како некој од нив да треба да оди на гилотина. Ако нагло се исклучи музиката сите во собата ќе го слушнат звукот на нивното бацување.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 8

Можеби напалените флертувачи се во најголем број. Ги има и од двата пола.

Посебно ќе ги повреди ако не завршат со некого во кревет откако забавата ќе заврши. Тоа го проценуваат како тежок удар од страна на животот.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 6

Еве, ќе го потенцираме и мечтателот за втора половина. 

Не презема ништо со никого, сè дури не добие знак дека тоа е „неговата/нејзината сродна душа“.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 3

Уште една категорија е последна мода на две нозе.

Самото име кажува, тоа е личност што претерано се грижи за својот изглед и не пропушта да ги оптоварува останатите со сите дребулии и модни додатоци што ги има на него/неа. И најчесто е во дречливи бои.

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 1

И како крајната категорија е здрав/а како дрен – персона што редовно вежба, внимава колку калории внесува дневно, а градбата на телото го гледа како нешто свето.

Небаре тоа е смислата на постоењето, а на сличен вид на забава, си носи посебно подготвена храна само за себе. 

8 vidovi na lugje na koi kje naletate na novogodishna proslava 7

Тука ќе ставиме точка.

Колку и да звучи стереотипно, ќе се согласиме дека секој од нас има блиска индивидуа, која одговара на некој од дадените описи.

Збава може да започне!

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава