4 ефективни начини да се „спасите“ од луѓе кои многу зборуваат

Некои луѓе имаат огромна потреба да ви ги кажат сите детали од нивниот живот или нешто што им се случило тој ден. Не е проблем кога ова ретко се случува, но ако не можете да дојдете до збор од овие луѓе, време е да направите нешто.

4 efektivni nacini da se spasite od luge koi mnogu zboruvaat 01

Не е лесно да се справите со луѓе кои ве замараат со нивните приказни, но постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат. Со среќа!

Не им дозволувајте да ја променат темата

Знаете како се одвива ова - моноголот на вашиот соговорник оди во една насока, а потоа тој започнува да прави дигресии и на крајот ја завршува приказната со нешто што нема никаква врска со почетната тема на разговорот.

Кога ќе приметите дека се одалечува од темата, прекинете го вашиот соговорник и поставете му прашања што ќе му го одвлечат вниманието.

Возвратете им на ист начин

Многу луѓе мислат дека се поинтересни отколку што се, и не забележуваат дека се здодевни. Ако вашиот соговорник ве измачува со долг монолог, наш предлог е да возвратите.

Можеби тогаш ќе разбере како се чувствуваат другите кога го слушаат и ќе го промени своето однесување. Вреди да се проба.

4 efektivni nacini da se spasite od luge koi mnogu zboruvaat 02

Известете ги дека немате време

Овој метод не функционира ако веќе имате договорен состанок и ако вашиот соговорник знае дека сте издвоиле време да се дружите со него.

Од друга страна, кога ќе го сретнете на улица или кога ќе ви се јави, нема ништо полесно од тоа да му кажете дека брзате и љубезно да го завршите разговорот.

Изразете незадоволство со говор на тело

Некои луѓе лесно можат невербално да го покажат своето незадоволство, додека истото им е потешко на другите. За да сигнализирате здодевност со говорот на телото, треба само да дишите малку погласно, да имате сериозен израз на лицето и да реагирате без ентузијазам на зборовите на вашиот соговорник.

4 efektivni nacini da se spasite od luge koi mnogu zboruvaat 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...

Најчитани неделава