10 најмоќни фотографии за 2019 година според „National Geographic“

5. Ајша Барка и нејзината ќерка Маријам не јаделе со денови кога пристигнале во камп за бегалци во Еритреја, во 2008 година.

Тие биле присилени да го напуштат својот дом поради суша, којашто била причинител и за истребувањето на сите животни.

Откако еритрејската војска започнала да киднапира млади луѓе, поради својата безбедност луѓето побегнале преку границата кон Етиопија.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 06 630x380.jpg

6. Дечиња спијат во градинка во областа Бајанзурк во Монголија.

Секоја просторија е опремена со прочистувач на воздухот, во обид да го намали нивото на загаденост во затворениот простор.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 07 630x380.jpg

7. Џозеф Вахира, чувар на резерватот „Ол Пејета“ во Кенија, се збогува со Судан, последниот машки северен бел носорог.

Судан почина во 2018 година. Остануваат уште две женки од неговите подвидови.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 08 630x380.jpg

8. Конфискуваните птици-пејачи кои биле одземени од нелегални сопственици се ослободуваат по неколку недели поминати во птичарникот за рехабилитација, каде ги зајакнале своите крилја и научиле повторно да летаат.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 09 630x380.jpg

9. Клеј, Даниел и Енцо, тројца од вкупно 39 тигри се спасени од животински парк во Оклахома.

Тие се собираат покрај базенот во засолништето на дивите животни во Кинесбург, Колорадо, каде што ќе го продолжат својот живот, со соодветна исхрана и нега од ветеринар.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 10 630x380.jpg

10. Тим на Светска здравствена организација ја проверува температурата на седумгодишната Конфирме Масика Муганиера во областа Вајана, мало село оддалечено два часа од Бутембо во Демократска Република Конго.

Семејството на Конфирме, нејзините родители, постариот брат и помалата сестра починале од вирусот ебола. Грижата за Конфирме сега е во рацете на нејзините роднини.

10-najmokjni-fotografii-za-2019-godina-spored-„National-Geographic“ 11 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...

Најчитани неделава