Животот започнува кога ќе наполните 30 години

Триесеттиот роденден е пресвртна точка во животот и треба да биде пречекан со ентузијазам. 

Zivotot zapocnuva vo 30 tite godini eve zosto 01

Коцките конечно се наредени и можеме да уживаме во плодовите на нашата работа и нашите минати искуства.

Сепак, за некои луѓе ова сценарио не делува идеално и не се радуваат премногу. Вистината е дека не сме веќе тинејџери, обврските се зголемуваат и безгрижните 20-ти години влегуваат во историјата.

Ако помислата на 30-тите години ви создава немир, можеби овој текст ќе го промени вашето мислење.

Зошто тврдиме дека животот започнува во 30-тите години? 

Наградени сме за досегашните напори.

До 30-тиот роденден обично размислуваме за тоа како треба да изгледа нашиот живот.

Фантазираме за работа од соништата, за совршен дом, за економска независност, но со самото влегување во четвртата деценија се создаваат условите ова да започне да се реализира.

Многу млади луѓе ги поминуваат студентските денови во студентските домови, со нивните родители или со други студенти. Обично се потребни неколку години додека не можеме да заштедиме за наш дом или за кирија.

Ги донесуваме одлуките со срце и ум.

Пред 30-тите, многу луѓе го слушаат срцето и интуицијата кога донесуваат одлуки, што може да се припише на неискуството.

По 30-тата конечно почнуваме да размислуваме со умот и го гледаме проблемот од повеќе агли.

Токму комбинација на разум и сензибилитет е добитна комбинација.

Zivotot zapocnuva vo 30 tite godini eve zosto 02

Знаеме кои сме и што сакаме.

Ако третата декада е време на запознавање со себе, четвртата носи свесност за тоа колку вредиме и што сакаме од животот.

Веќе се запознавме со сопствените доблести и недостатоци, со работи што нè привлекуваат и од кои треба да се оддалечиме.

Со текот на годините изградивме стил и начин на живот што нè радува. Посветуваме поголемо внимание на искуствата од кои можеме да научиме нешто. На кратко, несигурноста станува минато.

Пријателствата стануваат поквалитетни.

До 30-тите знаеме кои се нашите вистински пријатели, нивниот број се намалува, но квалитетот на пријателствата расте.

Нема повеќе причина да се оправдуваат детските изговори, затоа што вистинските пријатели ги разбираат вашите потреби.

Ако не сакате да излезете во диско и да се забавувате до раните утрински часови, односно, ако сакате да ја поминете вечерта гледајќи серии, нема проблем. Можете да го направите тоа без грижа на совест.

Zivotot zapocnuva vo 30 tite godini eve zosto 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава