Како да ги загреете телото и станот за време на големи минуси?

Иако сè уште немаше големи минуси, метеоролозите велат дека зимата допрва ќе ни ги покаже своите вистински заби. А, за екстремно ниски температури треба да се подготвиме навреме.

kako-da-gi-zagreete-teloto-i-stanot-za-vreme-na-golemi-minusi-01.jpg

Сигурно ви се случило да не можете да се загреете, иако го вклучивте греењето во куќата или ја облековте најтоплата јакна.

Без грижа, постојат неколку начини што ќе ви помогнат да се загреете и да се справите со ниските температури:

Облечете се слоевито

Без разлика дали сте во домот или надвор, секогаш облекувајте се слоевито. Сигурно сте го слушнале овој совет неколкупати, но дали навистина го практикувате?

Планинарите и скијачите се борат со екстремно ниските температури токму со слоевита облека. Носете поткошула, маица со долги ракави и подебел џемпер или блузон.

Полесно е да ја промените температурата на вашето тело отколку собната температура. Наместо да го засилите вашето греење, облечете уште еден слој облека.

kako-da-gi-zagreete-teloto-i-stanot-za-vreme-na-golemi-minusi-03.jpg

Носете капа и ракавици

80% од топлината на вашето тело излегува низ главата. Затоа, секогаш облечете капа кога излегувате од домот.

Планинарите имаат правило да ги соблекуваат капите или ракавиците во случај да чувствуваат премногу топлина. Поради оваа причина, можеме да видиме колку е важно рацете и главата да ни бидат покриени за да се чувствуваме потопло.

kako-da-gi-zagreete-teloto-i-stanot-za-vreme-na-golemi-minusi-02.jpg

Туширајте се со топла и студена вода

Топлата вода веднаш ве загрева, но студената ја подобрува циркулацијата на крвта помеѓу кожата и органите. Туширањето со студена вода е, исто така, поврзано и со посилен имунолошки систем.

Најдобро е да се започне со топла вода, а по неколку минути пуштете студена вода и туширајте се околу една минута. На крај, повторно пуштете топла вода. Повторете го ова неколкупати.

Овој начин на туширање ја поттикнува и детоксикацијата на организмот.

Консумирајте топли пијалаци и храна

Чајот ќе ве стопли, тоа го знаат сите. Ако не сакате да пиете чај, секогаш можете да направите топло чоколадо или капучино.

Пробајте и домашно варено вино и загревајте се додека одмарате или работите.

kako-da-gi-zagreete-teloto-i-stanot-za-vreme-na-golemi-minusi-04.jpg

Блокирајте го просторот под вратата

Доколку чувствувате ладен воздух од другата страна на вратата, иако сите прозорци и врати се затворени, направете го следното - ставете ткаенината, или нешто слично под вратата за да ја задржите топлината во собата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg