Област 51: Како настанала приказната за „местото со вонземјаните“?

Со децении област 51 е симбол на „теории на заговор“ за вонземјани (и нивната технологија). Многу книги, ТВ-емисии и масовни интернет „напаѓачи“ се обиделе да влезат во оваа област. 

Oblast 51 Kako nastanala prikaznata za mestoto kade se naogaat vonzemjanite 01

Област 51 се наоѓа среде пустината Невада, истата е заштитена со жичена ограда, рампа и знаци на предупредување. Многумина мислат дека оваа легендарна американска база е престрого заштитена, но не е така - иако има камери на секои неколку метри.

Што точно се случува во Областа 51?

Најпознати заговори и гласини се поврзани со злогласната несреќа во Росвел во 1947-ма година. Се смета дека тука паднал авион управуван од „мутирани џуџиња“, а урнатините сè уште се наоѓаат во воената база.

Некои дури веруваат дека американската влада снимила слетување на Месечина во еден од хангарите на базата. Што се однесува до сите митови и легенди, вистината е дека областа 51 навистина постои и сè уште е многу активна.

Зад оградата можеби нема вонземјани, но нешто дефинитивно се случува таму.

Потеклото на мистеријата

Почетокот на сагата на областа 51 е поврзан со развојот на авионите за извидување наречени У-2. Во ноември 1954 година, претседателот Ајзенхауер го одобрил тајниот развој на авиони за извидување на голема надморска височина, наречен У-2 програма.

Една од првите нарачки било наоѓање на далечно, скриено место за обука и тестирање. Местото го пронашле во пустината Невада, во близина на Езерото Грум. Ова место порано било полигон за американски пилоти пред Втората светска војна.

Oblast 51 Kako nastanala prikaznata za mestoto kade se naogaat vonzemjanite 02

Областа 51 го добила името поради ознаката на картата, а местото станало нова топ-тајна воена база. За да ги убеди работниците да дојдат да работат во базата, Кели Џонсон, еден од водечките инженери на проектот У-2, на местото му дал интересно име - Paradise Ranch.

Тестирањето на У-2 авиони започнало во јули 1955 година, при што веднаш почнале да излегуваат извештаи за видувања на неидентификувани летачки објекти. Ако ги прочитате деталите во извештајот на ЦИА од 1992 година, кој е декласифициран во 1998 година, а потоа целосно објавен во 2013 година, ќе видите зошто.

Што е НЛО?

Многу од овие видувања биле забележани од страна на комерцијалните авиокомпании кои никогаш не виделе авион што лета на толку големи надморски височини, како У-2.

Додека денешните авиони можат да летаат до 14.000 метри, авиокомпаниите во средината на 1950-тите летале на надморска височина помеѓу 3.000 и 6.000 метри. Поради ова, У-2 веројатно делувал како нешто „вонземско“.

Официјалните лица на авиокомпанијата знаеле дека повеќето од овие необјаснети видувања се поврзани со тестирање на У-2, но не им било дозволено да ги објават овие детали.

Операциите У-2 биле стопирани кон крајот на 50-тите години, но други тајни воени авиони продолжиле со истражувања во областа 51. Со текот на годините, се развиле авиони А-12 и бројни невидливи авиони како Bird of Prey, F-117A и TACIT BLUE, а сите биле тестирани во пустината Невада.

Заговори за вонземјани се појавуваат во 1989 година, кога Боб Лазар во едно интервју тврдел дека видел вонземјани и дека им помагал на инженерите додека работеле во базата. Многумина го игнорирале ова како фикција.

Oblast 51 Kako nastanala prikaznata za mestoto kade se naogaat vonzemjanite 03

Областа  51 е активна и денес. Според Google Earth, постојано се додаваат нови градби и проширувања.

Посетителите на ова место можат да забележат чудни светла на небото, како се движат горе-долу во раните утрински часови. Но не се работи за НЛО, туку за полу-тајна авиокомпанија која ги пренесува работниците од аеродромот Мекаран во Лас Вегас до базата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg