10 причини зошто некои луѓе го мразат Денот на вљубените

Високи очекувања

Денес веќе не е доволно само да купите подарок, туку мора да следите цела традиција – романтична вечера, убав фустан, фризура…

Наместо да се релаксирате со партнерот, и двајцата имате цела листа обврски, само затоа што е Денот на вљубените.

Ако сакате да го прескокнете готвењето и да вечерате во ресторан, голема е веројатноста дека нема да најдете маса. 

А, да бидеме реални, често е и разочарувањето на жените, бидејќи тие се далеку повозбудени за овој ден, додека мажите си ја „тераат“ својата работа.

10-prichini-zoshto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-07.jpg

Децата добиваат погрешна слика за љубовта

Во целата збрка, возрасните забораваат на децата и на нивните чувства.

Можеби некое дете ќе добие подарок за Денот на вљубените, а друго не. Тоа што не добило сигурно ќе почне да се сомнева во себе бидејќи не добило никакво внимание на денот на љубовта.

Покрај тоа, децата почнуваат да мислат дека љубовта треба да се слави само на овој ден.

10-prichini-zoshto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-08.jpg

14-ти февруари нема да ви ја поправи врската

Многу парови кои имаат посериозни проблеми, потајно се надеваат дека Денот на вљубените им е можност да ја спасат врската.

Проблемот е што доколку е очигледно дека на врската ѝ се ближи крајот, еден тематски ден нема да смени ништо.

А, бидејќи ќе очекувате вечерта да помине совршено, кога проблемите ќе испливаат на површина, ќе се чувствувате уште полошо.

10-prichini-zoshto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-09.jpg

Несакано внимание од странци

Ова е проблем со кој најчесто се соочуваат жените. Многу луѓе сметаат дека е во ред да им даваат комплименти на жени што воопшто не ги познаваат, само затоа што е Денот на вљубените.

Иако на жените им годи внимание, не значи дека го сакаат од странци.

Се разбира, истото може да им се случи и на мажите и затоа што се мажи, не значи дека го сакаат секое внимание од жените.

10-prichini-zoshto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-10.jpg

Денот на вљубените нема да го промени вашиот живот

Постепено, Денот на вљубените се претвора во ден за внимание и фалење.

Се разбира, доколку го сакате празникот, имате право да го прославувате. Но, оние кои не го сакаат ќе ви кажат дека ова е само уште еден ден од неделата и сигурно нема да ви го промени животот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава