Прашања што ќе ви помогнат да откриете дали сте екстроверт

Обожавате да се дружите и да одите по забави и журки? Мразите да бидете сами дома и без пријателите?

odgovorete-na-ovie-prasanja-i-doznajte-dali-ste-ekstrovert+01.jpg

Екстровертите се луѓе полни со позитивна енергија, кои зрачат со дружељубивост и љубов. Во секое друштво има еден екстроверт, кој сите останати ги „носи“ на своите рамења.

Доколку сè уште се двоумите дали припаѓате во групата интроверти или екстроверти, одговорете на подолу наведените едноставни прашања и конечно разрешете ја оваа дилема.

Одговорете ги прашањата во продолжение и на крај откријте дали припаѓате во „фамилијата“ на екстроверти:

1. Дали уживате во долги разговори кои траат со часови?

2. Дали кругот на пријатели ви е прилично голем?

3. Дали некогаш сте добиле комплимент дека сте одличен тим лидер?

4. Дали се чувствувате осамено кога сте сами и без пријателите околу вас?

5. Дали имате потреба и желба да му се допаѓате на секој?

odgovorete-na-ovie-prasanja-i-doznajte-dali-ste-ekstrovert+02.jpg

6. Дали мразите сами да донесувате одлуки и преферирате секоја одлука да биде донесена со консултација?

7. Дали обожавате да одите по забави и фамилијарни собиранки?

8. Дали НЕ чувствувате никаква трема и напнатост пред некој важен настан или, пак, кога треба да се обратите пред голема група луѓе?

9. Дали понекогаш отпосле се чувствувате како да сте споделиле со некој повеќе од што требало?

10. Дали сте секогаш отворени кон нови и интересни идеи?

Доколку одговоривте ДА на повеќе од 6 прашања, тогаш со сигурност сте екстроверт!

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...

Најчитани неделава