Како да го спречите дебелеењето на работното место?

Работата може да биде полоша од студентските денови, кога станува збор за зголемување на телесната тежина. 

Na koi nacini vasata rabota ve debelee Koi se najgolemite vinovnici 01

Скоро половина од оние кои работат во канцеларија велат дека се здебелиле кога почнале со работа.

Доколку оовј проблем ви е добро познат, погледнете кои се најчести виновници за ова, но и кои се наједноставните решенија:

Колегијалност и брза храна

Речиси третина од вработените кои се на диета велат дека нивните колеги ги охрабруваат да јадат повеќе и да изберат брза храна. А, бидјеќи во канцеларија немате услови за готвење, јадењето брза храна изгледа оправдано.

Решение: Знаевте ли дека јадеме двојно повеќе ако храната се наоѓа во нашето видно поле? Затоа, седнете подалеку од храната за време на состанокот и избегнувајте ги местата на кои се продава брза храна.

Втора стратегија: Планирајте однапред со што ќе се наградите доколку ѝ одолеете на брзата храна. Еден хамбургер неделно нема да ви направи штета.

Ручате со колегите

Кога сме во друштво, во просек јадеме 30 проценти повеќе храна. Често земаме и десерт, иако не сме гладни. Патем, зборувајќи со колегите, дури не ни забележуваме што и колку јадеме.

Решение: Подгответе сопствен ручек дома и потоа јадете го во друштво. Ако одите во ресторан, одберете поздрав оброк од менито.

Na koi nacini vasata rabota ve debelee Koi se najgolemite vinovnici 02

Јадете кога сте под стрес

Четвртина од вработените ја оцениле работата како најголема причина за стрес. Кога сте под стрес, телото ослободува хормони кои го зголемуваат апетитот, а со тоа и желбата за покалорична храна.

Уште полошо, овој ефект не завршува кога ќе ја напуштите канцеларијата.

Решение: Почесто правете паузи, особено ако имате напорен и стресен ден. Ова ќе ви помогне да останете избалансирани и полесно ќе се опоравите од напнатоста. Обидете се да слушате релаксирачка, медитативна музика.

Ако сакате здрава закуска, земете коцка или две темно чоколадо.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
13 важни правила што треба да ги имате на ум пред да отпатувате во друга земја Во Египет не носете влечки, а во Мексико не влегувајте во тоалетите означени со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg