„Покриј се, облекувај се скромно, изгледаш старомодно, изгледај секси“ - Видео кампања што ги руши стереотипите за жените

Пред некој ден на Vimeo осамна видео кое како да ги обедини сите жени.

be-a-lady-they-said-video-kampanja-shto-gi-rushi-stereotipite-za-zhenite-01_630x340.jpg

Станува збор за рекламната кампања „Be a Lady They Said“ организирана од списанието Girls. Girls. Girls.

Кампањата има за цел да ги сруши стереотипите со кои се соочени жените, но и да ја слави нивната убавина, онаква каква што е.

Наратор во видеото е актерката која ни е добро позната од „Sex and the City“ – Синтија Никсон. Таа ги рецитира зборовите на Камил Рејнвил, кои брутално ја прикажуваат реалноста со која се соочуваат жените.

Не постои жена која не го почувствувала притисокот да изгледа совршено. Сепак, секојдневно сме бомбардирани со (обработени) фотографии од навидум беспрекорни жени и се очекува и од нас, обичните, да изгледаме така. Од друга страна, ќе ви судат дури и ако изгледате така.

Судењето од другите, гневот, силувањето, сексот и изгледот се само некои од темите и проблемите опфатени во 3-минутното видео, а што им се добро познати на сите жени.

Со речиси милион прегледи за само два дена и илјадници споделувања на сите онлајн платформи, кампањата навистина допира до секоја жена.

„Биди дама, велат. Здолништето ти е прекратко. Блузата ти е премногу спуштена. Панталоните ти се премногу тесни.

Не покажувај многу кожа. Не ги покажувај градите. Не го покажувај деколтето. Не ја покажувај долната облека. Не ги покажувај рамената. Покриј се. Остави нешто за имагинацијата.

Облекувај се скромно. Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби.

Изгледаш старомодно. Покажи малку кожа. Изгледај секси. Изгледај жешко“, се само дел од зборовите што ги рецитира Синтија.

Пораката е јасна – сите жени се убави, без оглед на килограмите, целулитот, влакната, брчките и сите „несовршености“ на нивното тело, а никој нема право да ги критикува за тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава