Ноќна птица или ранобудник – Каква личност сте според времето во кое сте родени?

Знаевте ли дека ноќните птици и ранобудните луѓе можат да имаат целосно различни животни стилови, навики, па дури и карактери?

nokjna-ptica-ili-ranobudna-lichost-chasot-na-ragjanje-odreduva-vo-koja-kategorija-spagjate-01.JPG

Според некои истражувања, часот во којшто сте се родиле може да одреди дали ќе сакате да се будите рано, или да останувате будни до доцна во ноќта.

Луѓето кои се родени наутро покажале подобри резултати на „утринските“ тестови

Психолозите дошле до заклучок дека ние сме „програмирани“ уште од моментот на нашето раѓање.

Истражување во кое учествувале група студенти покажало дека оние кои биле родени навечер, имале подобри резултати на тестирањата спроведени доцна попладне. Важело и обратното – оние кои биле родени во утринските часови, покажале подобри резултати на тестовите направени наутро.

nokjna-ptica-ili-ranobudna-lichost-chasot-na-ragjanje-odreduva-vo-koja-kategorija-spagjate-02.JPG

Изгледа дека времето во коешто се родени има големо влијание врз биолошкиот часовник. Веројатно, причината е светлината на којашто (не) сме изложени во моментот на раѓање.

Со други зборови, ако сте родни навечер кога немало светлина, вие сте се „активирале“ во тој момент, па „програмата“ останува иста во текот на целиот живот.

Предвреме родените луѓе повеќе го чувствуваат влијанието на часот во кој се родени

Постојат и луѓе кои се будат навистина многу рано наутро, без разлика кога си легнале.

Едно истражување покажало дека овие луѓе биле родени предвреме.

Во истражувањето учествувале и група деца кои биле родени предвреме. Се покажало дека за разлика од другите, тие спиеле 45 минути помалку, а квалитетот на сонот навечер бил многу полош.

Се покажало и дека бебињата кои се родиле со помала маса, во просек, се буделе 40 минути порано од другите.

nokjna-ptica-ili-ranobudna-lichost-chasot-na-ragjanje-odreduva-vo-koja-kategorija-spagjate-03.JPG

Ранобудните луѓе веројатно уживаат во повеќе предности

Се открило дека утринските луѓе воглавно се поздрави, додека ноќните птици почесто страдаат од проблеми со расположението и депресија.

Од друга страна, пак, ноќните птици се покажале како покреативни.

За ранобудните луѓе се смета дека се помалку импулсивни и попродуктивни наутро и попладне. Ова значи дека стандардното работно време најмногу им годи нив.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...

Најчитани неделава