Како да се справите со нерационалните стравови на здрав начин?

Стравот е здрав за луѓето, затоа што нè штити од потенцијални опасности. Кога сме на пат да направиме нешто несовесно, стравот е како знак за предупредување што нè тера да ја преиспитаме одлуката.

kako-da-se-spravite-so-iracionalnite-stravovi-na-zdrav-nachin-01.JPG

Меѓутоа, ако стравот ни стане начин на живот и нè спречува да испробаме нови искуства, па дури и го попрекува секојдневието, тогаш е време е да промениме нешто.

Размислете за своите стравови

Како што веќе кажавме, стравот во некои ситуации е корисен. Во природни околности, вашиот страв е оправдан. Но, кога стравот ви стои на патот кон постигнување на вашите цели, време е за промена.

Најдобро е да ги запишете предностите и недостатоците од соочувањето со вашиот страв.

Ова е многу важно, затоа што јасно ќе можете да видите како би ви изгледал животот кога ќе се ослободите од стравот. Потоа, направете го првиот чекор и бидете упорни.

Проценете го нивото на ризик

Понекогаш стравот се појавува во ситуации не знаете што всушност ве чека. Еден пример е летање со авион, кое можеби не сте го искусиле, но сте слушнале приказни за несреќи со трагичен исход.

Ако ова е вашиот страв, имајте на ум дека кога станува збор за страв од турбуленции, истите се предизвикани од движењето на воздухот, а ако имате сигурносен појас, нема причина да се грижите.

kako-da-se-spravite-so-iracionalnite-stravovi-na-zdrav-nachin-02.JPG

Од друга страна, стравот од јавно говорење честопати го блокира говорникот, затоа е важно да се мотивирате со позитивни примери и техники кои ја зголемуваат самодовербата. Секогаш имајте на ум дека во реалноста не е сè толку страшно колку што изгледа.

На сличен начин размислувајте за вашиот страв. Убедете се дека сепак, нема реална причина да се чувствувате исплашено.

Планирајте

Можете да го надминете стравот само ако му пристапите чекор по чекор. Во спротивно, само ќе ја влошите ситуацијата. Дозирана анксиозност е добредојдена и не треба да чекате да исчезне пред да тргнете во акција.

На пример, ако сакате да го надминете стравот од јавно говорење, направете распоред на активности што ќе ги испробате. За почеток, застанете пред огледалото и зборувајте 2 минути, потоа замолете го вашиот партнер да ве слуша, а следниот пат поканете и некој член на семејството да му се придружи.

Овие симулации во различно опкружување ќе ви помогнат да се соочите со стравот.

kako-da-se-spravite-so-iracionalnite-stravovi-na-zdrav-nachin-03.JPG

Ако се плашите да летате со авион, можете да го решите овој проблем со тоа што ќе го искусите летањето во мислите. Информирајте се дополнително преку интернет или разна литература или одете на аеродромот пред вашето патување.

Без разлика која ситуација ве плаши, обидете се да ја испланирате со што повеќе детали. На овој начин, отприлика ќе знаете што ве чека, а со тоа стравот би требало да се намали.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава