„Не отворај чадор во затворен простор“ - Од каде потекнува познатото суеверие?

Црните мачки и скршените огледала се во иста категорија со чадорите во затворен простор - толку долго време се верува дека носат несреќа, што многумина веќе не ни прашуваат кога и како настанале овие суеверија.

Zosto otvoranje na cadorot vo zatvoren prostor nosi nesreka 01

Според едно објаснување, Египќаните се „виновни“ за случајот со чадорите. 

Првиот чадор всушност бил чадор за сонце и немал никаква врска со дождот. Богатите Египќани носеле чадори направени од папирус и пердуви, кои служеле како симбол за нивниот статус.

Наводно, отворањето на нивните чадори во затворен простор би го налутило богот на сонцето, Ра, поради што би трпеле тешки последици.

ne-otvorajte-chador-vo-zatvoren-prostor-03.jpg

Постои уште една теорија за несреќата што ја носи отворен чадор, која исто така вклучува египетско божество. Египќаните изработувале чадори за сонце во знак на благодарност на божицата на небото, Нут, која со нејзината сенка ги заштитувала жителите од топлина, суша и жед. Светите чадори можеле да ги допрат само избраните луѓе.

Покрај тоа, жителите на Индија и Кина, исто така сметале дека отворените чадори за сонце го симболизирале небото.

Zosto otvoranje na cadorot vo zatvoren prostor nosi nesreka 02

Современите чадори потекнуваат од средината на 19 век, кога Семјуел Фокс го патентирал Paragon - модел со челична рамка и ткаенини како што се свила, памук и лен, како и механизам што го олеснува отворањето.

Чадорот на Фокс се отворал многу полесно од неговите претходници, кои биле изработени со коски од кит или трска, поради што многу лесно луѓето можеле да се повредат. Во затворен простор, пак, ризикот од повреда бил уште поголем.

Најверојатно, во тоа време било создадено ова суеверие, со цел да се подигне свеста за ризикот од повреда. Што значи, отворањето чадор во затворен простор не носи несреќа, туку повреда.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава