Игрите од нашето детство

igrite-od-naseto-detstvo-povekjeКога ние бевме мали немаше Фејсбук, мобилни телефони, кабелска телевизија, лаптопи и сите модерни изуми на технологијата кои се чини дека го уништуваат...

 

...детството. Сепак, постоеја многу поинтересни игри кои со мерак сме си ги играле. Ова се неколку на кои се сетивме ние – очекуваме да не надополните.

igrite-od-naseto-detstvo

1. Збирам фото. Имаше два вида – љубовно и гнасно. Во љубовното задолжително те местат да се бакнеш со симпатијата, а при тоа и на двајцата ви е срам па се црвенеете и гледате во земја.

Гнасното фото беше најчесто со задачи кои беа поголем предизвик – излижи плуканка од земја, земи од увото и касни и сл. Тој што збираше фото најчесто ѕирка (демек скришно) и секако дека е местенка.

2. Штркот бара боја. Најголем мангуп си ако кажеш невидлива или златна. Па се тепаат сите да се фатат за менѓушите на некое од девојчињата за на крај да им кажеш дека воздухот е невидлив.

3. Народна. Една од игрите со традиција. Сите сакаат да бидат конзули, а на крај кога ќе ги одберат крвнички ги маваат со топка оние кои ќе останат во средина. Па расправии дали те цивнал или не.

4. Сакате ли војна? Од когоооо? Тука најбрзите и најсилните секогаш победуваа. Често ги местевме најслабите девојчиња да се држат едно до друго и таму беше најлесно за „кинење“.

5. Плочка и ластик. Сите улици беа исцртани со плочка со креди украдени од училиште. Најголеми фраерки беа оние кои можеа да ја изиграат влези - рашири еден два на врат. Ах, да, имаше и т.н. сираче што им ја спасуваше главата на оние кои ќе згрешат. А, тука беа и светските држачи.

6. Додека девојчињата скокаа, машките правеа шлајфки за џамлии, или ги мазнеа сликиците за да играат на тапка.

7. Јанино, јанино, купус и сланино и долга магарица.

8. Сол макарон сол фередон, марион, марион, лео лео тип тип тип, лео лео тип тип тип, уан, ту, три – маваш ти! Ехеее сме вртеле кругови по 10 души мавајќи се по рацете.

9. Вистина или предизвик. Сите коркачи, па бираме вистина. Најхрабрите бираат предизвик па им фуфка да го направат. Тука почнуваме да се караме и веќе следи она еден по еден „не играм!“, „Епа ни јас не играм“ и така сите до крај.

10. Жмурка. Со спасуванки и без. И овде тој што жмури најчесто ѕирка или има со него поткажувачи па со нивна помош ги наоѓа скриените.

Што пропуштивме?

Би можело да ве интересира:

11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Таблета залутана во пакување со капсули и уште 8 ситуации кои делуваат неверојатно Компир пресечен точно на половина (до грам), парче од таблетка залутано во пакув...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg