Зошто нè привлекуваат вознемирувачки наслови и вести?

Луѓето отсекогаш биле заинтересирани за новости и тоа е сосема нормално. Некои повеќе, некои помалку, но сите треба да бидеме информирани и свесни за тоа што се случува во нашето опкружување.

Zosto ne privlekuvaat voznemiruvacki naslovi 01

Сакаме да знаеме што се случува околу нас и постојано бараме отстапувања или необични појави и настани, бидејќи истите претставуваат потенцијална опасност.

Затоа не изненадува што насловите со вознемирувачки вести ни го привлекуваат вниманието, дури и кога знаеме дека ќе се чувствуваме лошо после тоа.

Дури и кога си ветуваме дека нема да ја прочитаме црната хроника или дека нема да обрнеме внимание на сензационалистичките наслови, честопати не можеме да си помогнеме.

Луѓето побрзо реагираат на зборови со негативна конотација како „војна“, „бомба“ и „карцином“, отколку на позитивни зборови како „насмевка“ или „забава“.

Zosto ne privlekuvaat voznemiruvacki naslovi 02

Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?

Одговорот лежи во силната потреба за самозаштита од која потекнуваат многу наши реакции, а целиот процес често се одвива на несвесно ниво.

Поточно, настаните што можат да имаат релативно негативен и заканувачки ефект врз нас обично бараат итен и непосреден одговор, или одговор со цел да се избегне опасност и да се зачува нашата благосостојба (на пример, да се избегне смрт, физичка повреда).

Негативното влијание и потенцијално опасниот стимул или настан стануваат важни информации што му сигнализираат на организмот да ја промени или прилагоди неговата моментална состојба или активност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg