15 работи за кои треба да престанете да жалите и да се извинувате

Голем број луѓе имаат навика да се извинуваат, и тоа за буквално сè.

15-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-se-izvinuvvate-01.jpg

Поради некоја причина, луѓето чувствуваат потреба да се извинат кога ќе го кажат своето мислење, кога ќе направат и најмала грешка, па дури и кога ќе направат нешто добро за себе.

Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, важно е да знаете дека во поголемиот дел од времето, воопшто не треба да се извинувате ниту да жалите.

Погледнете ги 15-те ситуации во кои никогаш не треба да кажете „Извини“ или да жалите:

1. Не се извинувајте затоа што сакате да го покажете вашето вистинско лице.

2. Не се извинувајте затоа што сте одлучиле да ги отстраните токсичните луѓе од вашиот живот.

3. Не се извинувајте затоа што не сте одговориле на повикот од личноста која ве игнорирала со месеци.

4. Не се извинувајте затоа што сте објавиле песна или цитат што можеби нема да му се допаднат на некој или ќе го навредат. Никогаш нема да им угодите на сите.

5. Не се извинувајте затоа што сте поставиле граници во односот со некоја личност.

15-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-se-izvinuvvate-03.jpg

6. Не се извинувајте затоа што сте одлучиле да не ја сакате личноста која многу ве повредила.

7. Не се извинувајте што не им обрнувате внимание на луѓето кои се овде само кога им треба нешто од вас.

8. Не се извинувајте ако случајно сте ја навредиле личноста која ви давала само критики и лоши коментари, со тоа што сте престанале да ѝ обрнувате внимание.

9. Не се извинувајте затоа што сте им верувале на погрешните луѓе. Не сте вие винови што успеале да ве измамат и да ја придобијат вашата доверба.

10. Не се извинувајте затоа што сакате да прославите, дури и кога немате причина за тоа. Можете да прославувате и да се забавувате дури и ако не сте постигнале нешто значајно.

15-raboti-za-koi-treba-da-prestanete-da-se-izvinuvvate-04.jpg

11. Не се извинувајте затоа што повеќе не сакате да премолчувате. Понекогаш луѓето прават грешки, а вие имате право да им го посочите тоа доколку ве повредуваат.

12. Не се извинувајте затоа што сте се соочиле со личноста која ве повредувала. Имате право да поставите граници во секој однос.

13. Не се извинувајте затоа што се ставате себеси на прво место. Бидејќи, никој нема да се грижи за вас како вие самите.

14. Не се извинувајте затоа што сте возрасна личност која сè уште учи и која се обидува да го пронајде својот пат.

15. Не се извинувајте затоа што се обидувате да станете личноста која сакате бидете.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg