Вирално видео со моќна порака: „Не дозволувајте стравот да ве уништи, љубовта е вакцина за секој вирус“

На Инстаграм вирално се шири видео со моќна порака, кое сите треба да го изгледаат и ислушаат.

viralno-video-so-mokjna-poraka-ne-dozvoluvajte-stravot-da-ve-unishti-ljubovta-e-vakcina-za-sekoj-virus-01.jpg

Се работи за моменталната ситуација, но не се зборува за вирусот за кој сите зборуваат, туку за еден уште пострашен што произлегува од короната... А тоа е стравот.

Стравот кој не смееме да дозволиме да го нападне нашето тело и мозок, мора да останеме силни, да останеме дома и да веруваме дека ова ќе помине. А, за тоа време, да се исполниме со љубов.

Дел од пораката гласи:

„Велат дека ова нешто го убива вашиот имунитет, тешко се дише и се шири како оган. Велат дека ова е ново, но ова тлее со векови, само има различно име. Ги погодува младите, старите, богатите, сиромашните. Полиците се празнат, државите ги затвораат границите, цените се зголемуваат.

Пријатели, не зборувам за корона, ова е посмртоносен вирус. Се шири насекаде со огромна брзина, го напаѓа мозокот. Секојпат кога скролате по социјалните мрежи се реинфицирате. А, вирусот дами и господа е стравот.

Но не се плашете, независно што ќе слушнете, има и добри вести во оваа трагедија. За да се справат со осаменоста, луѓето пеат на балкони, Јапонците даваат донации со моќни пораки „ние сме бранови од исто море“. Не дозволувајте ова да ве уништи, туку искористте ја ситуацијата да се зближите со другите. Бидејќи сѐ што ќе ни остане кога ова ќе помине, сме самите ние.

Ајде да ја израмниме кривата, да ги прошириме срцата, да внимаваме каде ги ставаме раете, но и каде го насочуваме вниманието. Ако некоја програма ве труе, сменета ја. Исчистете се со смеа, танцување и медитација. Кажете им на вашите сакани дека ви значат. Ако не се со вас, јавете им се и кажете им дека секогаш сте тука за нив. Единствената вакцина за овој вирус и за секој друг е љубовта.

View this post on Instagram

A post shared by EXIT Festival (@exitfestival)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg