Загадувањето на Земјата низ моќни фотографии

Џ. Хенри Фер е фотограф кој живее во Њујорк и Берлин. Таа ја користи фотографијата за да ни покаже колкава штета ѝ правиме на планетата.

fotograf-go-prikazhuva-zagaduvanjeto-na-zemjata-so-mokjni-fotografii-01.jpg

Хенри патува низ светот и како дел од проектот „Industrial Scars“ (Индустриски лузни) прави уникатни фотографии кои навистина ќе ве натераат да размислувате за загадувањето и нашата животна околина.

Фотографиите на Хенри се направени од птичја перспектива, со помош на мал авион, и ја прикажуваат штетата од индустријализацијата на нов начин.

Од ископување нафта, па сè до уништување на живеалишта, нејзините фотографии ја илустрираат тажната реалност на модерниот свет.

Фотографиите во продолжение биле изложени во Берлин до октомври минатата година, а според веб-сајтот на Хенри, изложбата ја погледнале околу 700.000 посетители:

Траги од багер во близина на рафинерија за алуминиум, Луизијана, САД

Алуминиумот, кој се користи за речиси сè, е најчестиот метал во земјината кора, но никогаш не се наоѓа во слободна состојба. Рафинирањето на металот е комплексен хемиски процес, со лошо влијание на околината. Потребно е големо количество електрична енергија, а самата хемиска реакција испушта многу стакленички гасови и останува големо количество цврст отпад.

fotograf-go-prikazhuva-zagaduvanjeto-na-zemjata-so-mokjni-fotografii-02.jpg

Танкер за нафта, Канада

На фотографијата се гледа мост кој води до дупката за проверка на бунарот нафта.

fotograf-go-prikazhuva-zagaduvanjeto-na-zemjata-so-mokjni-fotografii-03.jpg

Последици од катастрофата Deepwater Horizon, САД

Во 2010-та се случи катастрофа поради која над 7 милиони литри нафта завршија во водата во Мексиканскиот залив.

fotograf-go-prikazhuva-zagaduvanjeto-na-zemjata-so-mokjni-fotografii-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава