10 работи кои ќе мора да ги направите во време на пандемијата

Правило 2: Да останете смирени, да не мислите премногу за негативните сценарија и да не се опседнувате со вести и статистики.

10-raboti-koi-kje-mora-da-gi-napravite-vo-vreme-na-pandemijata-01.jpg

Ова не е време за паника, ова не е време за плачење за грешките од минатото, ова не е време за упатување на отровни зборови кон другите... Без разлика колку е тешко.

Работи кои ќе мора да ги направите во време на пандемијата:

- Да забавите малку и да се одвикнете од пренатрупаниот распоред и брзото темпо на живот.

- Да останете смирени, да не мислите премногу за негативните сценарија и да не се опседнувате со вести и статистики.

- Да мислите на влијанието на вашите постапки врз околината и да запомните дека треба да ги слушате препораките не само за своето добро, туку за доброто на сите.

- Да бидете искрени околу тоа како се чувствувате поради целата ситуација и кога некој ќе ве праша како сте да ја кажете вистината.

- Да останете во контакт со саканите преку телефон или видео повици - вашите баба и дедо, тетки, внуци ќе бидат среќни поради тоа.

10-raboti-koi-kje-mora-da-gi-napravite-vo-vreme-na-pandemijata-02.jpg

- Да се помирите со грешките од минатото и да ги прифатите како дел од својот раст и развој.

- Да се поврзете со себе и да правите работи што ви ја хранат душата, да дури и долгиот туш и танцувањето во дневната може да бидат такви.

- Да ширите хуманост и да бидете добри во интеракцијата со луѓето, дури и кога таа е виртуелна.

- Да практикувате благодарност за тоа што го имате денес, за луѓето кои ги имате до себе.

- Да си ги негувате надежите дека ќе биде подобро и да имате верба во човештвото, а најмногу од сѐ да запомните дека од ова ќе излезете како позилна, помудра и подобра личност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава