Моќта на првото велигденско јајце – зошто јајцата вапцани во четврток пред зори не се расипуваат со денови?

Велики четврток, четвртиот ден од т.н. „Страдална недела“ од исусовиот живот е денот наменет за вапцање на велигденските јајца. 

Mokjta-na-prvoto-veligdensko-jajce-01.jpg

Според обичаите, прво се вапцале 3 јајца, а потоа и останатите. Првото јајце е наменето за Господ, уште наречено и „господово јајце“, второто за главата на семејството, а третото за бериќетот на домот.

Јајцата задолжително мора да се вапцаат пред да изгрее сонцето. Се верувало дека доколку тоа се направи подоцна, јајцата ќе засмрдат. Доколку се обојат пред да го видат сонцето, верувањето вели дека не се расипуваат со денови и недели.

Откако велигденските јајца се подготвени, рано и, секако, пред изгрејсонце, домаќинката го земала првото, господово јајце и додека децата уште биле во своите креветчиња, им ги поминувала лицата по 3 пати со јајцето, повторувајќи: „Црвено, бело, дебело, здраво и живо“, што значи дечињата да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што симболизира здравје и напредок.

Mokjta-na-prvoto-veligdensko-jajce-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава