Зошто луѓето мора да престанат да редат камчиња додека се во природа?

Редењето на камчињата едно врз друго се чини како безопасна навика и добар начин да се поврзете со природата, додека си ги опуштате мислите. Но, дали е тоа така?

zosto-lugjeto-mora-da-prestanat-da-redat-kamcinja-dodeka-se-vo-priroda-001_resize.jpg

Активистите тврдат дека ова „хоби“ може да биде штетно од 4 главни причини:

Си поигрувате со природниот тек на нештата во природата

Ваквиот тип на формирање може да го наруши екосистемот. На пример, во слатките води секој камен е полн со микроорганизми кои живеат во него, како и ситни растенија. Со тоа што ги вадите од нивната природна средина, го нарушувате балансот на екосистемот.

Може да ги повредите животните и растенијата кои живеат на местото

Камењата се дел од природата во која живеат многу мали суштества, од геко гуштери до инсекти, па нивното поместување е како буквално некој вам да ви го премести кровот од куќата на друго место.

Камчињата некогаш ги штитат инсектите и суштествата од разни предатори или пак од лошите временски услови.

zosto-lugjeto-mora-da-prestanat-da-redat-kamcinja-dodeka-se-vo-priroda-2_resize.jpg

Ги збунувате планинарите

Многу паркови и стази користат ознаки за да ги насочат и да им олеснат на планинарите, а ваквите кули од камчиња додека за вас се безначајни, за нив може да бидат погубни.

Го кршите основното правило кога сте во природа – не оставај трага

Кога одите надвор треба вие да се вклопите во околината и природата – а не неа да ја приспособите на вашите моментални желби и импулси.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...

Најчитани неделава