Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Инженери, физичари, композитори – Деца генијалци на 21-виот век

Дакота Фенинг

И Холивуд крие неколку генијалци, а овде спаѓа актерката Дакота Фенинг. На само 5 години таа веќе водела разговори како возрасна личност, а тој период мајка ѝ ја запишала на часови по глума.

На 7 години, младата актерка беше номинирана за најдобра споредна улога за Screen Actors Guild Award, станувајќи најмладата личност што ја добила таа номинација.

Денес Дакота има 26 години, а зад себе има актерска кариера на која завидуваат и најдобрите холивудски ѕвезди.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-06.jpg

Џудит Полгар

Џудит се смета за еден од најдобрите шахисти на сите времиња.

На само 15 години таа ја освои шаховската титула Grand Master, а во 2002-ра успеа да го победи и најпознатиот шахист во светот - Гари Каспаров.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-07.jpg

Тејлор Вилсон

Тејлор, роден во 1994-та, бил вљубен во нуклеарната физика и на само 14 години направил реактор со нуклеарна фузија. Тој е најмладата личност која направила нешто вакво.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-08.jpg

Алма Дојчер

Алма е родена во 2005-та и денес е пијанистка, виолинистка и композиторка. Таа почнала да свири пијано на 2, а виолина на 3 години. Почнала да компонира на 4-годишна возраст, а на само 7 години компонирала цела опера.

До денес таа е автор на бројни сонати, опери и концерти, а неретко ја споредуваат со генијалниот Моцарт.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg