Инженери, физичари, композитори – Деца генијалци на 21-виот век

Низ историјата сме сведочеле на многу деца генијалци, а можеби најпознат пример е Волфганг Амадеус Моцарт.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-01.jpg

Моцарт почнал да компонира на само 5-годишна возраст и уште тогаш го сметале за извонреден музичар.

Денес во светот постојат многу вакви деца кои, за жал, не секогаш го добиваат заслуженото признание. Без разлика која област ја одбрале, овие деца уште од најрана возраст се истакнуваат над другите и не залудно го добиваат епитетот „чудо од дете“.

Во продолжение погледнете неколку вакви деца кои вреди да ги знаете:

Марко Чаласан

И во Македонија се кријат многу генијалци, а еден од нив е Марко Чаласан.

Марко е роден во 2000-та година во Скопје и е компјутерски инженер. На само 8 години тој стана најмладиот сертифициран компјутерски системски инженер, а до денес може да се пофали со 12 Microsoft и 1 Cisco сертификат.

Компјутерскиот гениј има напишано и книга за оперативниот систем на Microsoft, Windows 7, и течно говори неколку јазици. Интересно е што од 2010-та целиот свет знае за Марко, бидејќи неговата неверојатна приказна беше раскажана и од CNN.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-02.jpgФото: Facebook

Џејкоб Барнет

Џејкоб е роден во 1998-ма година, со аутизам. Кога имал две години, Џејкоб шест месеци престанал да зборува, а лекарите им рекле на неговите родители дека никогаш нема да прозбори, ниту да чита.

Мајка му решила сама да се грижи за него, па на 3-годишна возраст Џејкоб не само што прозборел, туку зборувал дури 4 јазици.

На 8-годишна возраст веќе држел предавања по физика на Универзитетот во Индијана, а подоцна правел истражувања и за ајнштајновата теорија на релативност.

На 12 години го напишал својот прв труд во областа на физиката, а на 15 станал најмладиот истражувач кој бил прифатен на Институтот за теоретска физика во Ватерлу.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-03.jpg

Акрит Џасвал

Акрит е роден во 1993-та во Индија и почнал да оди уште пред да наполни една година. На 2-годишна возраст знаел да чита и да пишува, а до 5-тата година веќе ги читал драмите на Шекспир на англиски.

Уште поинтересна е неговата страст за медицината - на само 7 години тој го направил неговиот прв хируршки зафат, без никакво академско образование. На 11 години се запишал на факултет, а неговиот IQ изнесува 146.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-04.jpg

Онафуџири Ремет

Ова дете родено во 2010-та е вистински фотографски гениј. Онафуџири е роден во Нигерија и почнал да фотографира уште на 3-годишна возраст.

На 4-годишна возраст веќе ја направил и неговата прва изложба.

deca-genijalci-na-21-viot-vek-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg