Стив Џобс добил отказ од неговата компанија – неуспешните приказни на најуспешните луѓе во светот


Стив Џобс добил отказ од неговата компанија – неуспешните приказни на најуспешните луѓе во светот

Во светот постојат многу успешни луѓе кои нашле начин да ги исполнат нивните желби и цели.

stiv-jobs-bil-izbrakn-od-negovata-kopmanija-neuspeshnite-prikazni-na-najuspeshnite-lugje-vo-svetot-01.jpg

Неретко, овие луѓе се нашите идоли и кај нив бараме инспирација, но поради некоја причина, претпоставуваме дека тие никогаш не направиле грешка. Проблемот е што со овој начин на размислување, многу лесно ќе се демотивирате.

Обично ги слушаме успешните приказни на овие луѓе и забораваме дека тие се соочиле со многу неуспеси, повеќе и од нас, пред да стигнат до својата цел.

Затоа, овојпат ќе се фокусираме на неуспешните приказни на успешните луѓе, кои сигурно ќе ви дадат поттик да се придвижите кон вашите цели:

Бил Гејтс

До неодамна, Бил Гејтс беше најбогатиот човек на светот, а неговата компанија Microsoft засекогаш го промени начинот на којшто ги користиме компјутерите. Но пред Гејтс да ја основа Microsoft, и тој го вкусил неуспехот.

На 17-годишна возраст, Гејтс, заедно со Пол Ален, ја основал компанијата Traf-O-Data. Станува збор за компанија која собира податоци за сообраќајот на патиштата, а потоа прави извештаи. Компанијата брзо пропаднала, но искуството што го собрале Гејтс и Ален им помогна да ја лансираат Microsoft.

„Ако не беше авантурата од Traf-O-Data, може да се каже дека Microsoft никогаш немаше да постои“, изјави Пол.

stiv-jobs-bil-izbrakn-od-negovata-kopmanija-neuspeshnite-prikazni-na-najuspeshnite-lugje-vo-svetot-02.jpg

Опра Винфри

Најпознатата водителка во светот ја започна кариерата на 19 години, а нејзиното шоу, The Oprah Winfrey Show, со години беше едно од најгледаните. Во 2011-та Опра му стави крај на шоуто и реши да направи нејзин телевизиски канал.

Една година подоцна се дозна дека овој проект е целосен неуспех. Водителката изјави дека овој период бил можеби најтежок во нејзината кариера и дека се чувствувала гневно и засрамено.

Но наместо да жали за неуспехот, Опра ги воочила своите грешки и во 2013-та го постигна посакуваниот успех со каналот.

stiv-jobs-bil-izbrakn-od-negovata-kopmanija-neuspeshnite-prikazni-na-najuspeshnite-lugje-vo-svetot-03.jpg

Волт Дизни

Замислете, во 1919-та Волт Дизни добил отказ од весникот Kansas City Star бидејќи „немал имагинација и добри идеи“. Кој би рекол дека личноста што ги создаде најомилени анимирани ликови добила таква критика.

Но ова не бил единствениот неуспех на Дизни – тој отворил студио за анимација кое завршило со банкрот.

Учејќи од неговите неуспеси, Дизни сфатил што треба да прави и решил да се фокусира на Холивуд, а останатото е историја.

stiv-jobs-bil-izbrakn-od-negovata-kopmanija-neuspeshnite-prikazni-na-najuspeshnite-lugje-vo-svetot-04.jpg

Ана Винтур

Главната уредничка на Vogue, таканаречената „модна Библија“, добила отказ од Harper’s Bazaar. Ѝ рекле дека е премногу ексцентрична и дека никогаш нема да го разбере американскиот пазар. Ако Ана поверувала во таа критика, денес не би била таму каде што е.

Моментално таа е едно од најмоќните имиња во модната индустрија, а нејзиното влијание врз светот на модата е огромно.

„Сметам дека сите треба да добијат отказ барем еднаш. Тоа го гради карактерот“, има изјавено таа.

stiv-jobs-bil-izbrakn-od-negovata-kopmanija-neuspeshnite-prikazni-na-najuspeshnite-lugje-vo-svetot-05.jpg

Продлжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Одењето на плажа кога сте 20-годишна девојка vs. 39-годишна жена На 39 години: Покрај децата... А да, постоиш и ти. Се соблекуваш. Нема ништо теа...
Што никогаш не треба да правите кога сте на гости во туѓ дом? Кога одите на гости, независно дали е кај блиски или подалечни познаници, треба ...
На кое место во светот би се нашле ако ископаме дупка во земјата по права линија? Кога бевме мали, се прашувавме на кое место во светот би се нашле ако ископаме д...

Најчитани неделава