Eau de Space – Парфем со мирис на вселената направен по „рецепт“ од НАСА

Ако некогаш сте посакале да мирисате како вселената, сега имате можност за тоа. Парфемот наречен Eau de Space е овде за да ви ја исполни желбата.

eau-de-space-parfem-so-miris-na-vselenata-napraven-po-recept-od-nasa-01.jpg

Ние не можеме да ја помирисаме вселената, но астронаутите велат дека воглавно, има мирис на загреан метал, пржен бифтек и, кој би рекол, на рум и малини.

Во 2008-ма година од НАСА првпат се обиделе да ја создадат оваа арома. Тие му рекле на Стивен Пирс, експерт за храна и директор на фабриката за парфеми Omega Ingredients, да направи мирис според описот на астронаутите.

Целта на проектот била за тренинг на астронаутите пред да ги лансираат во орбитата. Пред астронаутите да тргнат на мисија, тие минуваат време во околина каква што ги чека во вселената, па мирисот им овозможувал пореално искуство.

eau-de-space-mirisajte-kako-vselenata-so-parfemot-napraven-spored-recept-od-nasa-01.jpg

Интересно е што формулата за овој мирис беше тајна со години, сè додека Мет Ричмонд не успеал да допре до рецептот. Тој е всушност личноста одговорна за Eau de Space.

„Мирисот на вселената беше затворен со години. Но со посветеност, упорност и многу среќа, успеавме да го извадиме“, вели тој.

Мет почнал да собира пари за да го направи парфемот со кампања на Kickstarter, а за помалку од 24 часа ги собрал потребните средства.

Од компанијата не планираат масовно да ги произведуваат парфемите, а ако сакате можете да си набавите шишенце по цена од 29 долари, или да донирате 15 долари за кампањата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg