Библиотека во Мелбурн направила листа со сите постари членови – ги проверуват во време на пандемија

Овие вести дефинитивно ни ја враќаат вербата во човештвото и човечноста – колку би било добро ако сите институции се вака организирани и хумани?

biblioteka-vo-melburn-napravila-lista-so-site-postari-chlenovi-gi-proveruvat-vo-vreme-na-pandemija-01.jpg

Кога библиотеката Yarra Plenty во Мелбурн се затворила во март, персоналот бил испратен дома со телефони и листа со сите членови кои се постари од 70 години, за да им се јават и да ги проверат за време на пандемијата.

Сите 8.000 стари лица кои биле членови на библиотеката биле контактирани, од страна на библиотекарите.

„Им се јавивме да ги поздравиме, да видиме како се и дали им треба помош со нешто. Ќе им се понудевме за каква било помош. Она што го увидовме, е дека луѓето навистина беа расположени за разговор и им се допадна нашата идеја. Некои повици траеја 5 минути, а некои по 1 час.“ - велат од библиотеката.

За време на пандемијата, покрај тоа што се грижеле за постарите членови, тие наоѓале и нови начини да ги задоволат сите – од достава на книги и оставање во сандаче до дигитализација.

За сите било тешко тоа што морало да се разделат, бидејќи библиотеката до пред пандемијата функционирала како една заедница, па се обиделе да го задржат духот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg