Што би рекол Фројд за луѓето што објавуваат селфи фотки?

Селфито, како збор, влезе во употреба во 2013-та година. Но, овој вид на фотографија потекнува од 1839-та година, а првото селфи го направил Американецот Роберт Корнелиус.

sto-bi-rekol-frojd-za-lugeto-sto-objavuvaat-selfi-fotki-01.jpg

Факт е дека, овој феномен, со сигурност би му го привлекол вниманието на Сигмунд Фројд, творецот на психоанализата.

BBC вели дека Фројд најверојатно би тврдел дека луѓето објавуваат селфи не затоа што се заљубени во себе, туку затоа што сакаат сите други да се заљубат во нив.

Многу од неговите пациентки од виенските високи друштва пателе од „хистерична парализа“, односно биле неспособни да одат, без никаква физичка причина. Фројд сметал дека само барале внимание.

Фројд тврдел дека самозаљубеноста е сосема природна, но потсетува и дека истото може да се претвори во психолошко пореметување кога некој толку многу се сака себеси, што ги исклучува сите останати.

„Ако наместо да објавувате селфиња на социјалните мрежи се насочите кон  пријателите, можеби нема да добиете онолку лајкови колку што сакавте, но ќе го добиете „одобрувањето“ од Фројд и тоа би требало да ви биде доволно“ – пренесува BBC.

sto-bi-rekol-frojd-za-lugeto-sto-objavuvaat-selfi-fotki01.jpg

Резултатите од тестирање на нарцизмот кај луѓето:

1. Нарцисите се вообичаено поактивни на социјалните мрежи.

2. Прикачувањето селфи фотографии се поврзува со преголема самозаљубеност.

3. Жените се вообичаено помалку склони кон нарцизам од мажите, иако имаат повеќе селфи фотографии.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg